Официјалната веб-страница на националната Албанска Радио-телевизија (РТШ) стана цел на кибернапад, за кој првичните сомневања паѓаат на групи српски хакери, јавуваат албански медиуми.
Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот, кога корисниците што ја посетувале официјалната веб-страница на албанскиот јавен радиодифузен сервис се соочиле со наслови и лажни вести насочени кон дестабилизирање на јавната перцепција за Косово.
„Албанија го повлекува признавањето на Косово“, „Косово е Србија“, беа само дел од насловите што беа објавени на официјалната веб-страница на РТШ.
Досега нема реакција од РТШ во врска со овој кибернапад.
Српски хакери објавија лажни вести на официјалната веб-страница на РТШ и на официјалниот Инстаграм профил на албанската јавна телевизија.
Д. Т.