• Latest

ССМ ќе организира генерален штрајк на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања

June 3, 2022
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ ќе организира генерален штрајк на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања

June 3, 2022 14:01
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија денеска донесоа одлука за генерален штрајк што треба да се одржи на 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година, пренесува МИА.

– Денеска Претседателството на ССМ донесе одлука за повикување и поведување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат нашите барања – потпишување на општ колективен договор каде што ќе се утврди линеарно зголемување од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата. Доколку ова не се случи до 21 јуни, на 22 јуни ССМ, онаму каде што е синдикално организиран, ќе ги повика сите работници како членови и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме да направиме еден генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Тој најави дека ќе се штрајкува секаде каде ССМ е синдикално организиран во јавниот сектор, војската, полицијата, образованието, здравството, комуналните претпријатија, општините, управата, администрацијата…

ССМ бара Владата „сериозно да ја сфати работата“ бидејќи, како што рече Димовски, ова се барања на Синдикатот од 1 мај кога им било кажано дека покажувањето би било можно само по донесувањето на ребалансот на Буџетот и со утврдување на овие парични средства во Законот за извршување на буџет.

– И ова за што денеска ние се залагаме да го добиеме е нивно барање до нас, да ги сфатиме, да ги почекаме, бидејќи се ова може да се случи само на 1 јули. Еве, денеска јавно ги повикуваме, прифаќаме од 1 јули линеарно зголемување на платите од 2.806 денари. Износот не е голем, износот е солидарен и износот е да се амортизираат ценовните шокови и двоцифрената инфлација, рече Димовски.

Од Владата, нагласи тој, немале одговор за барањето за линеарно зголемување од 2.806 денари кои тие го предложиле да биде од 1 јули, бидејќи министерот за финансии Фатмир Бесими им рекол дека тоа „го нема утврдено со новиот ребаланс на Буџетот“.

– Пак ќе напоменам дека истите тие не убедуваа дека тоа треба да се случи во ребалансот на Буџетот и во Законот за извршување на буџетот, бидејќи тие парични средства се наменски средства за плати на работниците, рече Димовски.

Истото барање за линеарно зголемување на платите, нагласи Димовски, се однесува и на приватниот сектот.

– Истото го правиме и во приватниот сектор. Во приватниот сектор многу ни оди подобро. Онаму каде што сме синдикално организирани и во текот на вчерашниот ден и во текот на денешниот ден потпишуваме усогласување на колективните договори со линеарен износ на покачување на платите на работниците во приватниот сектор. Но, пак напоменувам, онаму каде што сме синдикално организирани. Затоа повикувам сите работници да се здружат во кој било синдикат за да бидеме здружени бидејќи само така можеме да ги оствариме целите, рече претседателот на ССМ.

Одлуката за стапување во генерален штрајк ССМ ја донесе откако вчера не беше постигнат договор со Владата линеарно да се зголемат останатите плати во јавниот сектор, по зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари.

Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за покачување на платите, иако тоа им било ветено за време на преговорите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ