• Latest

ССМ: Владата да го исполни ветувањето за зголемување на платите, Собранието да го повлече предлогот за недела работен ден

May 31, 2022
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ: Владата да го исполни ветувањето за зголемување на платите, Собранието да го повлече предлогот за недела работен ден

May 31, 2022 20:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата уште утре да го исполни ветеното линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари, а Собранието да ги повлече предложените измени за Законто за работни односи за недела да е работен ден во туристичките места, побара вечерва од Охрид, Сојузот на синдикати на Македонија. Во спротивно најавија носење одлука за генерален штрајк и блокада на сите институции.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на прес-конференција рече дека работници, нивни членови пријавиле загриженост за најавата на министерот за економија Крешник Бектеши недела да е работен ден во туристичките места, притоа не прецизирајќи кои се места ќе бидат опфатени.

– Имаме големо незадоволство меѓу работниците, бидејќи голем бенефит за нив е недела не работен ден и нема цена што би ги натерала да работат во недела, знаејќи дека денот го поминуваат заедно со своите фамилии. Сметаме дека предлогот од Министерството за економија е крајно неприфатлив како за нас претставниците на работниците, синдикатите така и за самите работнции во трговијата и бараме од Собрнаието да не бидат изгласани овие законски измени со цел да не ги оштетиме работниците и да не ги уназадиме работничките права, истакна Димовски.

Најави дека в петок ќе носат конечна одлука за генерален штрајк, кој во моментот, според претседателот на ССМ, е неминовен поради завршувањето на мерките за ограничувањето на основните производи и најавите од трговците на големо и на мало за над 10 отсто зголемување на цените.

– Затоа апелирам до Владата како трет социјален партнер и она што ни го вети за време на преговорите по општиот и колектувен договор за јавниот сектор каде што велеше со ребалансот на Буџетот и новиот Буџет за извршување ќе предвидат средства за нас работнците за линеарно зголемување од 2.806 денари тоа да го направи уште утре доколку сака да го избегне она што ни е законско право и обврска, а тоа е генерален штрајк и блокада на сите институции. Ако нема пари за работникот ќе нема за никого, бидејќи дојде време сите да ја биеме битката за гола егзистенција и преживување како на работнциите така и на нивните фамилии, подвлече Димовски.

Потпретседателот во приватен сектор во ССМ, Иван Пешевски забележа дека инфлацијта ја изела минималната плата и линеарното зголемување на платите.

– Без разлика дали е приватен или јавен сектор работникот во Македонија повеќе нема да има никаков бенефит од 2.806 денари линеарно зголемување и затоа во иднина како претставници на Сојуз на синдикати на Макеоднија ќе бараме и поголемо зголемување на платите и тоа да биде во најскор можен рок, а не да го чекаме септемвир и имплементација на членот 8 од Законот за исплата на минимална плата, рече Пешевски.

Порача претставниците на власта сериозно да ја сфатат пораката и да не даваат паушални изјави, бидејќи, потсети, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труди и социјална политика Јованка Тренчевска на првомајскиот марш ветиле дека покачувањето на платите ќе биде договорено во рамки на социјалниот дијалог.

– Немаме повеќе трпение да чекаме и ќе си ги бараме сите права загарантирани со Уставот и Законот за работни односи, подвлече Печевски.

Во однос на барањата на трговците за недела да е работен ден упати апел до сите работодавачи и газди посебно во туристичките места да го прочитаат Законот за трогвија, кој им овозможува да работат и самите сопственици на дуќани во недела. Кога ќе отидат на годишен одмор со своите фамилии, посочија дека работниците ќе им излезат во пресрет и ќе работат две недели, ќе го испочитуваат Законот за работни односи да имаат непрекинат одмор од 14 дена.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ