• Latest

Стабилна но сериозна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани; Трошоците за лекување ги покрива државата; одземени 13 лиценци за угостителски објекти

March 22, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Стабилна но сериозна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани; Трошоците за лекување ги покрива државата; одземени 13 лиценци за угостителски објекти

March 22, 2025 11:10
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани, од кои 115 пациенти се на лекување надвор од државата. – Освен еден пациент кој се лекува во Турција, другите се во сериозна, но стабилна состојба, информираше вчера на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

На домашно лекување вчера беа пуштени десет од пациентите што лежат на клиниките низ државава, а завчера од болница биле пуштени тројца пациенти. Со ова на Клинички центар на лекување се 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“  12, во Градска општа болница 11 и во Штип еден пациент. Во однос на исписите – еден пациент од Штип, има еден испис од Детска хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуваа девет пациенти, од нив пет вчера се испишани.

Во однос на оние пациенти кои се на лекување надвор од државата, во Србија се 30, од кои веќе двајца се екстубирани. Во Бугарија 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани. Во Грција 12, од кои двајца се критични. Во Анкара шест пациенти се екстубирани, додека исто толкав број се екстубирани и во болницата во Истанбул.

Во Шпанија се лекуваат седум пациенти, во Австрија пет, во Унгарија шест пациенти, од коишто веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, другите се во стабилна состојба. Во Хрватска се пет пациенти, еден е интубиран стабилен и четири други се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се вкупно четири пациенти, од кои три се во посериозна состојба. Во Литванија се четири пациенти, едниот и таму е екстубиран, значи е во подобра состојба. Во Белгија четири пациенти, од кои сите четири се во стабилна состојба. Во Италија четири пациенти кои се веќе станати. Во Шведска се четворица пациенти, двајцата сосема во стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот интубиран.

Таравари најави дека е можно идната недела да се зборува и за протоколи за враќање на овие пациенти.

-Имаме најави од одредени држави каде пациентите се во добра состојба, со цел да подготвиме протоколи како ќе биде нивното враќање, дали ќе треба да се сместуваат откако ќе бидат прегледани од наши доктори. Тие што се во добра состојба после прегледот од доктор може да се пуштат и да одат дома, рече тој.

Според него, следната фаза се можните инфекции кај овие пациенти и затоа треба да се превенира максимално за да не настанат компликации.

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата. На Токсикологија во моментов се хоспитализирани седум пациенти, а сите овие 20 пациенти вклучувајќи ги и тие на КАРИЛ и во странство се во добра општа состојба.

Црвениот крст на Северна Македонија информираше дека сосега се собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства.

Лекувањето се обезбедува од страна на државата

Портпаролката на Владата Марија Митева и вчера повтори  дека на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Посочи дека и во делот на транспортот и сместувањето на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство е одговорност на Владата, која ќе биде реализирана. Во делот на транспортот и сместувањето, Митева рече дека се згрижени 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство.

-Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која сметака на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци.

Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив, изјави портпаролката на Владата.

Министерството за образование и наука, во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбедиле посилна психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде особено изразена во неколку засегнати општини, од каде млади, во несреќата загубија браќа, сестри, другари и соученици.

Министерката  Весна Јаневска рече дека е формирана мрежа на 100 училишни психолози од Скопје, но и од други градови, кои ќе бидат насочени кон Кочани, Виница, Штип, Чешиново Облешево и околните места.

Во моментов 32 психолози веќе обезбедуваа директна поддршка на терен. Работеле со учениците, но и со семејствата кои изгубија деца во несреќата. Активни биле и во текот на вчерашниот ден.

Обдукцијата на настраданите завршена за кратко време, кај сите констатирана насилна смрт од задушување

Кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема.

– Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид, рече вчера раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот за судска медицина, но се во надлежност на Обвинителството и тоа ќе одлучи што ќе се случува со нив зашто може да бидат земени понатаму во некоја судска постапка.

Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи.

ДПИ одлучи да одземе лиценци на 13 угостителски објекти, а Министерството за транспорт на 97 лиценци согласно Законот за градење 

По информацијата дека дискотеката „Пулс“ имала фалсификуваа лиценца, на терен се проверува состојбата, а Државниот пазарен инспекторат при вчерашните извршени 82 контроли, констатирал дека објекти биле 23 со лиценца, а 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови. На овие правни лица ќе им биде одземена лиценцата и ќе имаат забрана за вршење на дејноста. За пет правни лица регистрирани како кабаре диско и кои се со истечена лиценца, а работеле изминатиот период издадени се решенија за забрана за вршење на дејност. Кај останатите 41 кафич, клуб кај 30 од нив се констатирани неправилносто по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и две затворања за пречекорување на работно време.

И Управата за финансиска полиција вчера соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности.

Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување на даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите. Паралелно со ова, се додава во соопштението, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ