По три години на функцијата, од 1 октомври 2017, нашиот колега Синиша Станковиќ, на свое барање, не е повеќе главен и одговорен уредник на ЦИВИЛ Медиа.
До изборот на нов главен и одговорен уредник, вршител на должноста ќе биде претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.
Станковиќ останува член на Собранието на ЦИВИЛ и соработник на ЦИВИЛ Медиа.