• Latest

Становите нема да поевтинат иако данокот останува пет отсто

June 8, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Становите нема да поевтинат иако данокот останува пет отсто

June 8, 2018 12:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) ја поздравува владината одлука данокот на додадена вредност при првата продажба на становите да остане пет отсто до 2023 година и најавува продолжување на постојните, како и нови инвестиции. 

Според членките на Комората простор за градење има,  а цените на становите нема да се намалат, но не постои можност ниту за зголемување на краток рок.

– Ја поздравуваме владината одлука за продолжување на мерката со која дополнително ќе се стабилизира секторот високоградба, ќе продолжат сите стопирани инвестиции, но и ќе почнат нови. Од ова, освен градежните фирми, бенефит ќе имаат и купувачите на станови, како и дополнителните преку 20 гранки поврзани со градежништвото, рече на денешната прес-конференција претседателот на Градежната комора на ССК, Ивица Јаќимовски.

Тој апелира да продолжи реализацијата на капиталните инвестиции, патишта, железницата, гасификацијата, водоводните и канализациските мрежи,… зашто само така  може, оцени да има економски раст.

Јаќимовски очекува во наредните неколку месеци трендот во нискоградбата да стане позитивен. За целосна реализација на предвидените проекти во градежништвото, ниско и високоградба, неопходно, дополни, да се почитуваат динамичките планови.

Во врска со изградбата на станови, Јаќимовски укажа дека се неопходни нови урбанистички планови за планско градење и подобар животен стандард.

Цените на становите се движат од 1.000 до 1.300 евра за метар квадратен во централните градски подрачја и од 650 до 900 евра на перифериите.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДанокСКОПЈЕССКстанови
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result