„Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство започнаа кампања за носење маски со цел поддршка на Законот за заштита од заразни болести и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот (КОВИД-19)“, соопштуваат од Влада.
Кампањата која го носи слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери, членови и поддржувачи. Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот.
„Јас #НосамМаска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен“, напиша премиерот.
Носам маска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и го штитам јавното здравје, порачува министерот за здравство Венко Филипче на својот фесјбук-профил.
Министерот уште еднаш апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.












