• Latest

Статистичките податоци на Народната банка се во согласност со највисокиот статистички стандард на ММФ

April 22, 2024

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Статистичките податоци на Народната банка се во согласност со највисокиот статистички стандард на ММФ

April 22, 2024 10:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка квалитетно, навремено и транспарентно ја извршува статистичката функција, што е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, како и за носењето квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики, било истакнато на состанокот меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерот Фадил Бајрами и главниот статистичар и директор на Одделот за статистика на ММФ, Берт Кросе, одржан во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.

Како што информираа денеска од НБ, директорот на Одделот за статистика изразил задоволство од тоа што Народната банка подготвува квалитетни статистички податоци, следејќи го највисокиот статистички стандард СДДС плус, како и од новите проекти што успешно ги спроведува.

– Народната банка, во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Поддршката од ММФ е од исклучително значење. Од октомври минатата година, Народната банка започна да ги објавува кварталните финансиски сметки и состојби. Во делот на екстерните статистики се прават напори за натамошно олеснување на процесот на доставување податоци до Народната банка, за што во тек се неколку проекти за електронско известување. Во овој сегмент се работи и на унапредување на методологијата за процена на приватните трансфери како значајна приливна ставка во платниот биланс, информираат од Народната банка.

Kaj монетарната статистика, додаваат оттаму, се продолжува со активностите од долгорочниот проект за интегриран систем на објавување податоци за статистички и супервизорски цели. Овој месец за првпат бил објавен Прегледот на „зелените“ показатели, чија цел е да се подобри расположливоста на податоците за климатските промени, којашто е суштинска при изработката на анализи и носењето политики.

-Народната банка постојано применува практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци, се вели во денешното соопштение од Банката.

Tags: ММФнародна банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ