„Ниту претендирам, ниту ќе конкурирам за замена на Јанева“, одговори обвинителката Лиле Стефанова по судењето на „Титаник“, одговарајќи на новинарско прашање дали таа ќе ја замени Катица Јанева.
Стефанова рече дека што се однесува до Орце Камчев не знае каде е во моментот и нема овластување да побара и затоа е потребно побрзо донесување на законот за Јавно обвинителство за да може да преземе нешто од дејствијата на СЈО.
„Истагата за „Империја“ застана по донесување на начелното правно мислење и ќе повторам, нема друг решение, освен час поскоро да се донесе законот за Јавно обвинителство. Политичарите мора, во овој момент да си ја преземат одговорноста“, изјави Стефанова.
„Шефот е осомничен за криминал пред два дена, така што работа во инсититуција со осомничен шеф не постои. Меѓутоа сакам да кажам дека денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател воопшто не е важно“, изајви Стефанова на новинарско прашање какво е чувството да се работи во институција со обвинет шеф за криминал.
Инаку, обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.
Б. Ј.