Украина не била и нема да биде освоена. Таа останува суверена и независна. И како оваа војна изминува, храброста и силата на војската и народот на Украина стануваат уште поочевидни и поисклучителни, изјави во телефонски брифинг за новинарите Ведант Пател, претставник на Стејт департментот.
Според него, „Украинците ќе направат сè што е потребно да ги заштитат своите домови, семејства, сонародниците, нивната земја, јави МИА.
Преговорите на Украина со Русија не се закочени бидејќи Украина свртела грб на дипломатијата. Тие се закочени бидејќи Русија продолжува да води војна, изјави Пател.
Тој потсети дека загубите од војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина продолжуваат да се зголемуваат во изгубени човечки животи, раселени лица, криза во снабдувањето со храна.
Илјадници цивили се убиени или ранети, 13 милиони украински граѓани се присилени да ги напуштат своите домови, историски градови претворени во урнатини, недостиг на храна, огромни цени на храната низ целиот свет, и сето ова поради тврдата решителност на претседателот Путин да освои друга земја, изјави Пател.