• Latest

Стерјовски и Османи побараа областите Голо Брдо и Гора да бидат посебни општини, а Пустец да биде именувана во општина Преспа

July 18, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стерјовски и Османи побараа областите Голо Брдо и Гора да бидат посебни општини, а Пустец да биде именувана во општина Преспа

July 18, 2022 17:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски и потпретседателот на македонското друштво „Мост“ Едмонд Османи, денеска од посебната  собраниска комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ побараа формирање посебни општини Голо Брдо и Гора, што е барање на жителите уште при донесувањето на законот во 2014 година.

Исто така во име на Македонците од Мала Преспа, Стерјовски побара општина Пустец, која е единствена македонска општина, според актуелната територијална поделба да се именува Преспа, бидејќи Пустец е само едно од деветте села. а исто така дури 90 отсто од територијата што ја зафаќа  Националниот парк „Преспа“ е токму во ова област.

Тој искажа позитивна оценка за последните вложувања на албанската Влада во оваа општина, што се случува за првпат во последните три децении, со кои, како што рече, видно се подобруваат условите за живот и привлекување туристи.

По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, Владата ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за да првите две ги приклучи кон општина Булќиза, а третата кон Либражд, како и општините Шиштавец, Топојан и Запот, во областа Гора, кои сега се потпаѓаат под општина Кукс.

-Македонците од областите Голо Брдо и Гора денеска се најмалку претставувани, зашто немаат ниту еден советник во општинските совети на Булќиза и Кукс, а на прсти може да се избројат оние кои се вработени во локалните самоуправи. Нема речиси никакви инвестиции па проблемите со недостиг на водовод, канализација, патишта, електрична енергија и понатаму се присутни, рече Стерјовски.

И тој и Османи, потсетија дека поради лошата патна инфраструктура жителите во споменатите области треба со часови да патуваат до општинските центри за каква било услуга, а во зимскиот период поради обилните снежни врнежи остануваат завеани со недели, згора на тоа и без електрична енергија.

-Можеби е единствен пример во светот, оној на жителите од административната единица Требиште, област Голо Брдо, кои, поради недостиг на асфалтни патишта, мораат да минат преку двата гранични премина со Македонија, за да стигнат до Булќиза за одредена услуга. Идентична е состојбата и со жителите на Борје и Шиштевец, област Гора, кои минуваат преку два премина со Косово, за да стигнат во Кукс, рече Стерјовски.

И тој и Османи, посочија дека поради непостоењето минимални услови за нормално живење голем број Македонци од овие области иселени се во Елбасан, Драч, Кукс, Тирана, како и надвор од земјата.

-Сите земји од западен Балкан кои се стремат да станат членки на ЕУ се обврзани да усвојат специфични стандарди за заштита на малцинствата. Територијалната поделба е од особено значење за македонската заедница и за сите граѓани на Албанија. Македонската заедница е мирољубива и лојална и на нашата земја (Албанија) и дала многу заслужни личности на многу полиња во општеството. Почитувањето на правта на малцинствата во една земја е многу значајно и исто така е потткнувачки фактор кој ја определува демократијата, мирот и стабилноста на таа земја, посочи Стерјовски.

Со законот за административно-територијална поделба усвоен од Парламентот во 2014 година, без присуство на опозициските демократи, бројот на општините од 385 се намали на 61, иако опозицијата тогаш бараше нивниот број да изнесува најмалку 80.

Неодамна албанскиот парламент формира посебна парламентарна комисија која треба да го разгледа барањето на опозицијата, за нова територијална поделбам која одржува средби со сите целни групи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ