Инаугурацијата на Стево Пендаровски, новиот претседател на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска напладне во Собранието, каде што тој ќе положи заклетва пред пратениците. Според информациите од прес службите, Пендаровски, по заклетвата, ќе се упати кон претседателската вила на Водно. Околу 14 часот се предвидува одржување на официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател. Се предвидува и средба меѓу Иванов и Пендаровски.
Претседателите на Србија, Албанија, Косово и Бугарија, како и високи претставници на Грција, Словенија, Црна Гора, Полска, Турција и други земји и претставниците на меѓународната заедница и дипломатија во земјава, најавиле присуство на инаугурацијата на Стево Пендаровски кој формално ќе биде претседател на Република Северна Македонија од утре.
Пендаровски уште попладнево ќе одржи средби претседателите на соседните држави, Радев, Мета, Тачи и Вучиќ.