• Latest

Стојановски: Избирачкиот список е ризик, но безбедносната заедница е спремна за избори

February 4, 2019
Фото: ANF Nows

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против, националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стојановски: Избирачкиот список е ризик, но безбедносната заедница е спремна за избори

February 4, 2019 13:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Процесите кои предизвикуваат некакви политички триења, почнувајќи од изборниот список и така натаму, може да предизвикаат безбедносни проблеми за време на изборите“, смета професорот Трпе Стојановски од Факултетот за безбедност во Скопје, кога станува збор за општествено-политичкиот момент во кој се наоѓа земјата. Стојановски смета дека Македонија ќе одговори на предизвиците со кои што ќе се соочат безбедносните институции при редовните претседателски и евентуалните предвремени парламентарни избори.

ЦИВИЛ Медиа: Професоре Стојановски, ни претстојат претседателски избори и евентуално нови парламентарни избори. Каква е улогата на безбедносната заедница во овозможување на еден демократски амбиент и пред сè безбеден амбиент за гласање?

СТОЈАНОВСКИ: Македонија има голема традиција, богата традиција за изборите, кои што се случуваат кај нас, и најразлични искуства кои што се поврзани со изборните циклуси. Она што е научена лекција, и воопшто сега, кога што очекуваме да почнат преговорите со Европската унија, е дека било какви избори, претседателските се извесни, сите други не знам дали се потребни во овој момент, се предизвик во кој што Македонија мора да покаже висок степен на капацитет и потенцијал за одржување на квалитетни, праведни, законски изборни активности.

Ја спомнавте безбедносната заедница, и голем дел од задачите, имајќи го во предвид македонското искуство, се делегирани на неа. Она што, по мене, е позитивна страна е дека во изминатите години, со партнерство на бројни меѓународни организации се направени чекори кои што веќе се интегрирани во безбедносната заедница, иако поконкретно се фокусираме на Министерството за внатрешни работи, кое што е столбот и во корпусот на институции кои што се надлежни за безбедноста и воопшто, институција која што има и превентивни и кривично-правни механизми да се справува со евентуални девијации и деликти.

Сметам дека е направен значаен исчекор. Она што мене ми е познато е дека многу од овие механизми се интегрирани и тие се дел од секојдневното работење на МВР. Не само кога станува збор за изборните процеси, но и многу порано, се активираат и постојат како континуирани, но особено воочи на изборните процеси, обуки, тренинзи… Потсетувањето и на некој начин идентификување на улогата на полицијата, претпоставувам дека е подеднакво важно и за другите институции кои што имаат надлежност во безбедноста, е подигнато на ниво на највисок приоритет и тоа е претпоставка дека институциите кои што треба да обезбедат безбедност, да бидат сервис во сферата кога граѓаните очекуваат безбедност. Мислам дека ќе одговорат повторно на задачата која што е поставена пред нив.

Меѓутоа, индиректно, многу од процесите кои што се кај нас, особено кои што значат некакви политички триења, почнувајќи од изборниот список и така натаму, може да профилираат одредени проблеми и потешкотии кои што понатаму, ако ги проценуваме ризиците, може да доведат и до одредени нарушувања, кои што ќе ја тангираат безбедносната сфера. Безбедноста е прилично осетлива материја, најразлични можат да бидат нашите впечатоци и дефиниции за тоа што очекуваме од институциите надлежни во сферата на безбедноста, меѓутоа јас верувам дека, особено во овој општествено-политички момент, Република Македонија ќе одговори на предизвиците со кои што ќе се соочат безбедносните институции при реалните претседателски и евентуално други избори со кои што ќе биде соочена заедницата.

Игор К. Илиевски
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Ангела Петровска
Монтажа и обработка на текст: Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ