• Latest

Стоп на „урбаната мафија“ во Карпош!

June 28, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стоп на „урбаната мафија“ во Карпош!

June 28, 2017 14:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во скопската населба Тафталиџе, во Општина Карпош, денеска со почеток во 19 часот, на ул. „Варшавска“ бр. 19, на местото каде е предвидено да се изгради осумкатница, ќе се одржи собир на граѓани против урабнизирањето на населбата.

Од граѓанската иницијатива „Зелено Тафталиџе“ која се обидува да ги сочува зелените површини во општина Карпош и нормалниот квалитет на живот во населбата, со ставање крај на неконтролираното урбанизирање, велат дека во моментот, во изградба се над 25 повеќекатници во населбата Тафталиџе 1, без притоа да се земат предвид релевантните фактори, неопходни за непречено секојдневие на граѓаните.

„Безброј пати сме се јавиле директно во Општината за најразлични ‘контроверзни’ објекти и будно го следиме официјалниот веб-сајт на кој се споделуваат партиски содржини, наместо релевантни проекти. Поднесовме неколку петиции и најчесто сме игнорирани од одговорните вработени лица во Општината, вклучувајки ги и месните заедници и градежните инспекции, но и кога тоа не е случајот, најчесто не добиваме конкретен одговор, бидејќи и ретко кога го имаат“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Филип Самарџиев од иницијативата „Зелено Тафталиџе“.

Тој потенцира дека на нивните барања надлежните не реагирале, а тоа резултира со зголемување на бројот на нерегуларности при изведба на градежните и урбанистички планови од Општината.

„Стоп за урбаната мафија во Карпош! За иднината се работи!“ е повикот до сите жители на Карпош, да заземат став во одбрана од бетонот што ја задушува и уништува населбата.

„’Зелено Тафталиџе’ не претставува политичка организација, ниту пак сме невладина организација која е задолжена за ваков тип на собири, едноставно, ја репрезентираме желбата на граѓаните од населбата и се трудиме да зачуваме една здрава животна средина, со цел квалитетен и непречен живот за сите граѓани од Тафталиџе. Гласот на граѓаните е дефинитивно слушнат, меѓутоа тенденциозно игнориран од Општината како институција, а тоа мора да се промени“, ни рече Самарџиев.

Од иницијативата ги повикуваат граѓаните заеднички да се изборат против „Урбаната мафија во Карпош“, додека не стане предоцна да се реагира.

Биљана Јордановска

 

Tags: Зелено ТафталиџеКарпошсобирТафталиџеурбана мафијаФилип Самарџиев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ