Жителите на Аеродром и Ново Лисиче и утрово го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Бабаво знак на револт поради депонијата Вардариште, која со години го загадува воздухот и ја труе околината.
Според организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и пради пожарите на други локации, како оној во Трубарево.
Иако огнот на депонијата во моментов е изгаснат и има обезбеден 24-часовен надзор, граѓаните порачуваат дека тоа не е доволно и бараат трајно системско решение. Според нив, само целосна санација и модерно управување со отпадот може да стави крај на деценискиот проблем.
На истата локација изминатите недели беа организирани протести во тек на попладневните и вечерните часови. Ова е прв пат протестот да се организира наутро.
М. Д.