Основната функција на процесот на преговори е нашата подготовка за членство. Тоа е еден од најважните административно политички операции, низ кои поминале сите земји-членки на ЕУ. Транформацијата треба да резултира со создавање европско општество. Во него ќе бидат вклучени неколку стотици лица, ќе биде исклучително скап, но Владата е подготвена да го финансира, а ќе има и европски средства преку ИПА фондовите.
Ова го истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е и политички преговарач со ЕУ, на денешната прес-конференција со техничкиот преговарач Бојан Маричиќ, на која ја презентираа преговарачката структура за пристапување на РМ во Унијата.
Нагласи дека низ процесот на скринингот и преговорите ќе се остварат основните цели за кои има непосреден консензус – функционална мултиетничка демократија, општество кое почива на солидарност, еднаквост и владеење на правото, кое ќе обезбеди подобри услуги за граѓаните, услови за побрз економски развој, за привлекување странски инвестиции, за подобра работа на претприемачите и се она што ќе резултира со повеќе работни места, поголеми плати.
– Пред нас претстои најважен процес во нашата понова историја, процес пред кој не смееме да пропуштиме да изградиме наднационален консензус, кој е толку важен што не може да и се остави само на Владата. Во него треба да се вклучат претставници на сите институции, општествени фактори, академската заедница, граѓанскиот сектор, но сакам да ја повикам да се вклучи и опозицијата, која и досега се има вградено во овој процес и која секако е очекувана да се приклучи, додаде Османи.
За скринингот и преговорите се превидени неколку структури. Координативно тело за процесот на пристапување, кое ќе ги утврдува преговарачките позиции на РМ во преговорите. Во него ќе учестуваат прмиерот, неговите заменици, шефот на дипломатијата, министрите за финансии, правда, економија, правда, информатичко општество и преговарачките.
Османи, како политички преговарач ќе ја предводени државната делгација на РМ за пристапни преговори со ЕУ со улога да ги води преговорите и да обезбеди непречено одвивање на процесот по сите поглавја. Заменик на Османи ќе му биде шефот на дипломатијата Никола Димитров, во неа учествува главниот технички преговарач, шефот на мисијата на РМ во ЕУ и секетарот на преговарачката група.
Преговарачка група е третата структура. Таа е задолжена за техничкото ниво на преговорите со ЕК за сите поглавја, а ќе ја предводи главниот технички преговарач, Маричиќ.
Тој појасни дека преговарачката група ќе биде задолжена за експертското и техничкото ниво од преговорите со ЕК за сите поглавја. Таа ќе ги разгледува и утврдува предлозите на преговорачките позиции и ќе ги доставува до Координативното тело на Владата. Ќе брои околу 15 лица, а секој од нив ќе ја следи или координира работата на една или повеќе рабти групи кои ги покриваат поглавјата на Унијата.
Неколку од сегашните институции ќе добијат нови надлежности и ќе се прилагодат за преговорите.
Османи појасни дека СЕП ќе биде и Секетаријат на преговарачката група, а ќе биде назначен и секретар на преговарачката група.
Постојните работни групи за подготовка на националната програма за усвојување на правото на ЕУ и подготовка на преговарачките позиции за членство ќе се ревидираат во однос на составот и надлежностите и ќе се трансформираат во работни групи за преговори, кои ќе бидат и најстручниот дел за идентификување на проблемите за изготвување на предлог решенија и за трансформација на нашето општество според европските стандарди. Освен администрацијата, во групите, чија бројка е 35, ќе бидат вклучени и претставници на академската заедница, граѓанското општество, експертската јавност.
На владина седница, како што појасни Османи, вчера е утврден скелетот на преговарачката структура, а од денеска почнува дебата и процес на мапирање на институциите, на групи на интереси на индивидуите, кои би биле вклучени за да се утврди индивидуалниот состав, а при тоа ќе се почитува процесот на правична застапенот.
Османи вели дека во моментов не може да се зборува за конкретни имиња, кои би биле вклучени. Мапирањето, дијалогот и составувањето на структурите треба да завршат до септември или октомври.
Во врска со тоа дали во работните групи ќе има претставници на опозицијата нагласи дека таа ќе биде повикана да се вклучи во секој чекор од процесот.
Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за бројот на луѓето кои ќе бидат ангажирани рече дека во моментот не може да каже точна бројка, но напомена дека станува збор за повеќе стотици луѓе.
– Ќе има масовна мобилизација. На пример само за поглавјето 23 има три под теми, потоа тие имаат други под теми, додаде Маричиќ.
Османи напомена оти станува збор за мошне комплексна операција, која ќе чини многу пари, но нагласи дека се прават анализи, а Министерството за финансии треба да се прилагоди на потребите за рееализирање на процесот.
Точно колку ќе чини Османи не можеше да каже, но како пример го наведе скринингот во септември за првото поглавје, за кое во Брисел треба да заминат 40 луѓе од Македонија.
– Во септември почнува скринингот за првото поглавје, односно на 23. На тој ден 40 луѓе од Македонија треба да бидат во Брисел неколку дена и тоа треба да се покрие од некаде. Такви фази ќе има многу. Ќе треба да се направи рамка на финансиски импликации, кои ги носи процесот. Владата ќе го финансира колку и да чини, рече Османи, но додаде дека ќе има и европска помош. Нагласи дека ИПА средствата ќе се зголемуваат во периодот, што претстои.
И Османи и Маричиќ потенцираа дека скринингот ќе се одевива во мошне комплексна атмосфера.
– Од денес до јуни, до новиот Совет на ЕУ треба да имплементираме три процеси – Договорот со Грција, да се реализираат ургентните реформи од Планот 18 – правосудство, јавна администрација, безбедносни служби и борба против корупцијата и организираниот криминал и трет е скринингот и сето тоа во услови на референдум, уставни измени и претседателски избори, некаде во февруари или март следната година. Ќе биде комплексно и напорно, рече Османи, но додаде дека Владата е подготвена. (МИА)