• Latest
Војо Маневски

Стратегија

April 18, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Стратегија

April 18, 2022 09:47
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Ако има некој термин што во нашиот стерилен систем на водењето на државните работи го изгубил своето основно значење, тогаш тоа е –стратегија. Има и други зборови што ги извртевме за да си ги прилагодиме на нашиот начин на живеење, ама ми се чини дека засега стратегија е при врвот. Барав да видам која е историјата нa терминот стратегија и најдов дека е со старогрчко потекло што значи – водење на војската. Во широка современа употреба се нашол некаде во почетокот на деветнаесеттиот век, а кај нас сигурно е задоцнил едно стотина години и се вгнездил сигурно во двaесеттиот век. Ама како што сме гостопримливи сме си го вдомиле и присвоиле, секако и облекле во наше руво. Сега тој има две значења. Едното е правење на широк план со зацртани цели што треба да се остварат и предвидување на постапки и средства во остварувањето на тој план. Тоа за учебниците и студентите е во ред, но во нашиот реален живот тоа значи да се одолжи некое решение што треба да се донесе, ама од низа на причини се избегнува. Е за нас стратегијата значи формирање на разни комисии, па состаноци, па редење на предлози, сѐ додека е можно да се одложува конечното решение.

Прочитав дека сме имале деветнаесет министри за образование и сигурно десетина разни документи, во кои се споменува изработка на стратегии и долгорочни решенија за реформи во образованието. Тоа долгорочност веројатно е ограничена на мандатот на Владата од каде доаѓа министерот. После се знае, сѐ од почеток и нова стратегија. Имаме толку стратегии, што веројатно ако некој сака да ги купи ќе имаме зголемување на извозот на интелектуални услуги на светската сцена. Секако покрај толкавиот број магистерски и докторски дела и за стратегијата има место. Или пак и тоа е стратегија на девалвација на интелектуалниот труд. Таа стратегија секако не е наша, но и без наше учество во неа не поминала.

И сега, дајте да направиме нова стратегија за состојбите во образованието, па од таму ќе извлечеме средства за поголеми плати на наставниците и професорите, па ќе изнајдеме пари за научната работа на универзитетските професори и сѐ што ни треба да ја оживееме стратегијата што ќе ја донесеме. Звучи шашаво нели?

А да се разбудиме од сонот и прогледаме дека секоја година имаме помалку деца за во училиште и ги погледнеме бројките на проводеленците, нема да ни треба стратегија туку дијазапам за смирување. Кратка ракија овде не е доволна за потиснување на реалноста. Се помал број на ученици, а ист или се поголем број на даскали од сите нивоа. Стратезите ќе измислат стандарди според кои три учитела ќе треба да ги воспитуваат и учат децата. Само ќе земаат ли три плати или едната ќе ја делат? Можеби треба министерот да размисли за рационализација на структурата на разните советници и стратези во министерството. За почеток само нека не прават стратегији и тоа ќе е добар чекор.

И во финансиите на државата често се споменуваат стратегии за буџетски движења, за контрола на каналите на движење на финасискиот капитал и слични стабилизации на фискалната страна. Или до стратегијата е или до тактиката ќе да е, ама ние сме се позадолжени и покрај сѐ поголемиот буџет имаме сѐ помалку пари за она што е потребно. До стратегијата ли е до стратезите ли е, ние сме се повеќе сотерани во стратешко ќоше. Изгледа и без стратегија тактичарите на присвојување на дел од заедничките пари се поуспешни. И тоа без документ за стратешки постапки, срам ги било нестратези едни.

Утрово слушам предлози за нови стратегии во економијата и земјоделството. Старите стратегии веќе не важеле. Милијарда и седумстотини милиони евра во субвенции за земјоделците биле погрешна стратегија. Ќе се менувала стратегијата, оваа не давала добри резултати. За толку пари можевме да ја одмориме почвата од нашиот третман за производство на храна. Стратегија на развојна економија била нужна. Господа стратези и вие знаете дека од сува дреновина не излегува никаква течност. Пишувавте разни истражувања, консултиравте разна светска литература и сега сме таму каде сме, со раст од едвај два проценти во просек на сите независни години и правење на стратегии Македонија се празни, а и тоа што останува овде е на пат кон Скопје и околината. Со право или не, но факт е дека децата не сакаат да работат по конфекции и чевларски фабрики, за мали плати не сакаат да размислуваат, ако веќе мораат да одат на работа избираат јавен и државен сектор. Пред очи секогаш им е судбината на нивните родители и квалитетот на нивниот живот, жртви на транзицијата. За стратегии и правци на развој не им е гајле. Некаде кон светот им се свртени мислите. А место да правите стратегии оставете го пазарот да ги пегла нерамностите во економијата, а вие само не земајте толку од заработката на стопанството. Ќе помогнете и ако не правите стратегии за намалување на администрацијата, таквите досегашни документи изгледа се како квасец од кој таа само расте.

Земјоделството мора да добие стратегија за побрз развој! Храната никогаш повеќе нема да биде така евтина како до кризата во Украина, пишуваат угледните светски списанија. Ај да произведуваме храна стратези! Ама кој да ја произведува. Во кафулињата и на семинарите не расте пченица, а ниту пиперки. За производство на храна се потребни и нова технологија и млади и способни луѓе. Седумдесет години со стратегии успевме да ги запустиме селата и сега таму има само старци и разрушени домови. Стратегија за развој на руралните предели. Па господа, нема веќе такви, тие веќе се расчовечени што ќе мора нова дефиниција за таквите предели од татковината да измислиме или појасно тие се пусти. Оние што ќе сакаат да се занимаваат со производство на храна треба да се поддржат и за почеток да се остават да го прават само тоа, а не и да се занимаваат со проблеми на пласманот на нивните производи. Па да прашам ако може господа стратези. Како тоа  храната е скапа и ја нема доволно на пазарот, а зелката од струмичко нема кој да ја купи? Или тоа не сте го ставиле во своите стратегии или сте зафатени со изработка на нова стратегија.

Ќе  ја исполнам колумнава со критика за стратезите и стратегиите, ама тоа не е стратешко пишување. Стратешки е да пишуваш стратегии.

И приказна морам да напишам на оваа тема.

Средствата за заштита од коров секогаш биле трошок за земјоделците и покрај препораката на експертите. Затоа мојот пријател Станко за да не се става во трошоци измислил нов препарат. Кога го прашав со што го прскаше сончогледот, насмеано ми одговори: со мотикитис братче, а ако треба да ти преведам тоа е копање на нивата со мотика, тревата мора да се отстрани. Изгледа господа стратези до мотиката сме со резултатите од стратегиите. Само да не стигнеме до лопати, копачи и не дај боже до срп и чекан и тоа на црвена подлога.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ