• Latest

,,Стратегијата за едно општество и интеркултурализам” во Гостивар

June 17, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

,,Стратегијата за едно општество и интеркултурализам” во Гостивар

June 17, 2019 16:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Гостивар денеска се одржа деветтата од серијата јавни дискусии за претставување на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“, кадешто свои обраќања пред граѓаните на Гостивар и регионот имаа заменик министерката за финансии во Влада на РСМ, Ширет Елези, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Илхан Рахман и директорката на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Билјана Петковска, се вели во соопштението од Владата на РСМ.

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези во име на Владата на Република Северна Македонија, рече дека „Стратегијата за едно општество и интеркултурализам“ ја исцртува една од главните карактеристики и вредности на нашата земја, која во светот веќе се препознава: определбата да градиме и негуваме општество еднакво за сите.

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Илхан Рахман рече дека Агенцијата како посебен орган кој ги следи остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на помалубројните заедници дава значаен придонес во изготвувањето на Нацрт-текстот на Стратегијата, и тоа во сите кластери преку давање на предлози, идеи и пренесување на професионални искуства.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Билјана Петковска рече дека е охрабрувачка заложбата од страна на Владата да сите заедно, државните институции, граѓанските организации, академската заедница и бизнис секторот, да придонесат кон надминување на поделбите меѓу граѓаните кои припаѓаат на различни етнички, верски и културни заедници и групи и да создадат општество во кое секој поеднинец ќе се чувствува пред се’ како граѓанин кој ги  ужива своите права подеднакво како и сите останати граѓани во нашата земја.

Координаторката на кластерот за медиуми во координативното тело за подготовка на националната стратегија и специјална советничка во канцеларијата на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Маја Петковска Лесес, го претстави Нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот“ пред претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и медиумите, коишто ја поздравија иницијативата за оваа Стратегија и можноста со свои излагања да учествуваат во дискусија преку изнесување на повеќе сугестии за намалување на поделбите и за создавање услови за подобро, подеднакво и покохезивно општество.

Следната јавна дискусија за Стратегијата е на 25 јуни во Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ