• Latest
Војо Маневски

 Стрес-тест на македонски начин

September 15, 2023
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

 Стрес-тест на македонски начин

September 15, 2023 11:51
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ           

Во нашава јавност сѐ повеќе се  етаблира нова параспортска дисциплина. Некако успеваме да  придонесеме кон светската палета на бесмислени натпревари и рекорди. Новата дисциплина е издржливост во следење на дебатните емисии на нашите медиуми и тоа во сите електронски модификации. Врв на издржливоста е следење на сите такви медиумски продукти во вечерните термини, а за оние љубители на екстремноста постојат ноќни интернет можности за следење на разни поткасти и „надкасти“.

Степенот на оценување е според издржаната минутажа на следење на една емисија, бројот на следени емисии и на крајот, стручната проценка за менталната состојба на гледачот или учесникот во новата пара-спортска дисциплина. Исто како кога кардиологот ве испраќа на стрес-тест. Почнува со мала брзина и се мери притисокот од почетната вредност. Се забрзува лентата и одењето на пациентот а се зголемува и брзината на работата на срцето. Притисокот се качува а пациентот после четири пет минути го фаќа првиот замор. Ако срцето издржи и пациентот има и физичка сила може да се достигне вредноста од 12 минути на машината за стрес-тест. Но тоа го достигнуваат здравите на срце и со добра кондиција. Другите престануваат бидејќи мерачот за притисок покажува високи вредности, а срцето не може да го издржи напорот.

Кај учесниците во новата пара-спортска дисциплина во која  се натпреваруваат македонските  граѓани, јасно се одделуваат оние што имале добар тренинг. Нај издржливите тренирале покрај вестите последните барем десетина години.  Уште во 17 и 45 часот се во почетна позиција и чекаат да видат кои се учесниците во дебатата. Ако е некој од аналитичарите со дебел стаж на менување на ставови и мислења, притисокот во мерачот е на ниски вредности и може да се поднесе лесно. Ако е некој преставник на политичка партија предвидливоста во ставовите  го намалува ризикот од повишен притисок и може да се пристапи кон земање на некоја салата како дозоволен стимуланс во натпреварот во издржливост.

Ако е некој угледен професор од бројните универзитети тогаш лентата се забрзува со брзина на очекуваните научни сознанија. Некогаш убедливоста на авторитетот навистина го подигнува притисокот и вниманието на пара-спортистот се зголемува. Кога интелектуалецот е еден од четирите илјади носители на титулата универзитетски професор (од доцент до редовен професор) кој едвај чека да го изрекламира она што го собрал како знаење а при тоа професорската суета му ја намалува толеранцијата кон соговорникот, разочараноста делува како иглата кон балонот. Се слуша само звукот на воздухот кој излегува и го деформира балонот.

Машината за стрес- тест има правила со кои докторот ја мери издржливоста на срцето. Така и нашиве пара-спортиости влегуваат во повисоко ниво со втората и третата дебатна емисија, организирана од нашите национални медиуми. Пред втората таква емисија во 18 и 45 часот се замолува публиката составена од домашните потенцијални натпреварувачи да ги привршуваат „оброците“ зошто на ова ниво се бара поголема издржливост и концентрација. Понудата во дебатата и на ова ниво е некогаш еднопартиска, некогаш двопартиска а богами некогаш се бара и најголема издржливост затоа што понудата е трипартиска. Како кај стрес-тестот лентата се забрзува а нозете стануваат потешки, пот го облива челото а рачките од машината се стегаат поцврсто. Притисокот почннува да покажува вредности од над 160.

Во оваа фаза и откажувањето на учесниците во натпреварот е веќе видлива. Менталниот склоп на оние послабите тешко може да поднесе сѐ она што се каже или престави како мислење на учесниците во дебатата. Убедливоста на аргументите воопшто не зависи од нивната вредност или проверливост во пракса, туку од партиската или некоја друга определба на гледачот-учесник во натпреварот во издржливост.

Оние најтренираните за да не изгубат од континуитет прегледуваат и делови од вечерните вести на некоја од телевизиите. Тренерите најчесто препорачуваат да се гледа дневникот на „својата “ телевизија, но ако се очекува голем психички напор тогаш далечинското се темпира на вестите на противничката „не наша“ телевизија.

Во текот на третата дебата се случува веќе да се преполови бројот на учесници во натпреварот во издржливост доколу темата е од некои не интересните  министерства. Екологија, култура или некоја спортска тема од олимписките спортови. Тогаш има одлевање на учесниците по две основи.

Едни го напуштаат натпреварот бидејќи ја исполниле квотата на следење на дебатни емисии и капацитетот на нивниот организам воден од органот за потенцијално мислење, одбива да прима информации што во форма на мислења ги испорачуват учесниците во дебатата.

Други ја напуштаат борбата зошто неатрактивноста на темата не им е предизвик за пишување на мислења на социјалните мрежи и ги чуваат своите сили за вистински натпревар кога ќе ја тестираат својата издржливост но и издржливоста на оние што имаат сили да ги читаат  „паметните“ излагања на социјаланите мрежи.

Третиот дел од натпреварувачите е оној што се има добро истренирано на разните митинзи, партиски собири и академиите во фирма на ријалити шоуа. Тој тип на гледачи-натпреварувачи опремени со смарт телевизори и препаметни телефони ги следат сите поткасти на кои има можност веднаш да се контрира или да се пофали учесникот на дебатата. Има овде недозволени средства кои се употребуваат (партиски организирани пишувања на постови) ама федерацијата на новиот спорт сѐ уште не ги из дефинирала  правилата на користење на допинг средства.

Некаде околу полноќ, кога се поклопуваат денот и ноќта, се прават првите оценки за  победниците на денот на поединечно или национално ниво. Оние што остануваат како победници на денот и се квалификуваат за утрешниот натпревар во издржливост добиваат 100 лајка и право на ургентен упат за доктор од психијатриски медицински дисциплини. На национално ниво македонските граѓани се како пациентот кој завршува со стрес-тестот. Испотен, изморен со забрзан ритем на срцето и со крвен притисок што  варира како на кардиограм. Но стрес- тестот е само машина која дава податоци од кои ќе следи точна дијагноза за срцевата болест и потребната терапија. Ако срцето е многу оштетено ќе мора пациентот да внимава на следните активности и да го менува својот начин на живот. Играта на зборови некогаш пластично ја опишува состојбата, само прашање е каков е капацитетот на оној кој чита, гледа или слуша.

Стрес-тестот има медицински показатели  а општествената состојба има последици врз граѓаните. Од стрес-тест има дијагноза и терапија а од стресната општествена состојба има стресени и потресени граѓани. Има и една друга разлика. Стрес-тестот се извршува во строго контролирана средина во присуство на медицински лица подготвени моментално да реагираат во случај на слабост на тестираниот. Ама параспортот за издржување „експертски“ дебати, предлагам веднаш да се смести во категоријата на најопасни екстремни спортови.

Прво, нема контрола кој учествува, дали воопшто е психофизички подготвен учесникот во издржувањето.

Второ, напорите кај не отпорните учесници можат да бидат толку големи што сигурно ќе предизвикаат некакво пореметување, најчесто психичко.

Трето, поврзано со второто, кај учесниците кои настрадале во следењето на дебатите,  последиците многу тешко се отстрануваат, пред сѐ поради тоа што жртвите не се свесни за пореметувањата и воопшто не бараат помош. А и да побараат, тешко дека некој ќе може да им помогне…

Туку, јас се запишував, а ми почнуваат дебатите. Ај, здраво!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ