• Latest

Стручните тимови од Факултетот за ветеринарна медицина–Скопје во служба на јавното здравство во дијагностиката на КОВИД-19

April 26, 2020
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стручните тимови од Факултетот за ветеринарна медицина–Скопје во служба на јавното здравство во дијагностиката на КОВИД-19

April 26, 2020 10:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје како високобразовна и научно-истражувачка институција од областа на ветеринарната медицина уште од почетокот на пандемијата со болеста КОВИД-19 е активно вклучена во дијгностиката на коронавирусот SARS-CoV-2 во соработка со Министерство за здравство.

Факултетот со своите лаборатории потврди дека поседува капацитети, простор и опрема, како и дека има ресурси со обучен и стручен и квалификуван персонал за испитување на заразни зоонотски болести.

-Стручните тимови во Лабораторијата за молекуларна дијагностика и Лабораторијата за микробилогија на Факултетот под раководство на доц. д-р Игор Џаџовски, доц. д-р Искра Цветковиќ и доц. д-р Кирил Крстевски, прават секојдневно анализи на мостри за коронавирусот со изведување на полимеразна верижна реакција во реално време (Real-time PCR) каде се утврдува причинителот на болеста SARS-CoV-2. Иако лабораториите на Факултетот се дизајнирани за анализа со голем број на примероци, максималниот дневен капацитет на проби за дијагностика на КОВИД-19 изнесува приближно 35 примероци на ден со оглед на фактот дека кај нас секојдневно се прават анализи и мониторинг на голем број други заразни болести како што се бруцелозата, туберкулозата, авијарната инфлуенца, беснило, трихинелозата, вели проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултет за ветеринарна медицина- Скопје.

Мострите секој ден се преземаат од обучено лице од Факултетот, запазувајќи ги сите биосигурносни мерки и протоколи кои се воспоставени на истиот.

-Екстракцијата на вирусната RNA се изведува со употреба на автоматски систем за екстракција додека прајмерите кои се користат за утврдување на причинителот се валидирани и потврдени со споредбена анализа со резултати добиени на веќе постоечка инфраструктура на Институтот за јавно здравје, на примероци со веќе познат статус. Анализите се вршат со потврда на геномот на 2019- nCoV во три таргет региони (N 1, N 2 и E ген), истакнува деканот, проф. д-р Пендовски.

Лабораторијата на Факултетот во која што се врши изолирање на рибонуклеинската киселина (РНК) на вирусот е должна да ги чува изолатите и документацијата во врска со секој поединечен примерок и РНК изолатот, трајно согласно одредбите за заштита на населението од заразни болести.
-Со вклучување на стручниот тим од доктори на науки од областа на ветеринарната медицина од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, нашата држава покажа сериозен капцитет и успеа целосно да го примени концептот на “ЕДНО ЗДРАВЈЕ” каде повеќе сектори пред се ветеринарната служба и службата во хуманата медицина соработуваат заедно во контролата на зоонотските болести односно болестите кои се пренсуваат од животно на човек. Неопходноста на синергијата помеѓу ветеринарната и хуманата медицина исто така ја има и при контролата на безбедноста на храната и антимикробната резистенција кои имаат се поголемо значение кај луѓето и животните со цел да се постигнат подобри резултати во јавното здравство, потенцира деканот.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје останува и понатаму посветен на подигнување и зајкнување на државните капацитети во однос на дијагностиката на болеста КОВИД-19 ставајќи ги на располагање своите капацитети и ресурси на јавното здравство за целосно справување со пандемијата од коронавирусот.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ