Студенти од повеќе делови на Србија кои бараат одговорност за падот на настрешницата во која загинаа 15 лица во Нови Сад ќе пешачат кон Белград на повеќедневен марш пред собирот најавен за 15 март под слоганот „15 за 15“, јавуваат српските медиуми, пренесе ЦИВИЛ Медиа.
Колони студенти, ученици и професори пристигнуваат од Нови Сад, Суботица, Смедерево, Крагуевац, Чачак, Ниш и други градови низ Србија.
Студентите во блокадата најавија дека вечерва од 19:30 часот на Теразије ќе се организира свечен пречек на пешаци, маратонци и велосипедисти кои доаѓаат на големиот протест што ќе се одржи утре.
Утринава околу паркот на Пионерите во Белград каде кампува групата Студенти 2.0 беа паркирани бројни трактори.