• Latest
Foreign Policy illustration

Судбината на мултилатералниот поредок

April 21, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Судбината на мултилатералниот поредок

Како и во сите кампањи за ширење на дезинформации, целта е да се зајакнат тензиите кои веќе постојат, да се разниша довербата на граѓаните во сопствените лидери, како и нивната посветеност на слободата на говор и човекови права. Во моментот кога влегуваме во одлучна фаза во борбата против вирусот, со длабоки економски пореметувања кои веќе носат тешки последици за многу семејства и заедници, мораме да имаме предвид дека во овој момент сите општествени и политички елити водат голема битка на наративи и идеологии. Исходот од оваа битка ќе ги обликува не само поединечните држави, туку и нивните позиции во светот, опстанокот на мултилатералниот поредок, политичките слободи и медиуми кои ја говорат вистината е заеднички интерес на 99% од жителите на планетата, без оглед на државјанството и етничката припадност.

April 21, 2020 08:29
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, СЛОБОДНА ЗОНА
Foreign Policy illustration

Foreign Policy illustration

Share on FacebookShare on Twitter

Откако почна пандемијата многумина велат: „Ова е добра прилика да се случи Х“ – каде Х е нешто што отсекогаш го посакувале. Но, ова не е таа прилика. Досега кризата предизвикана од корона вирусот главно ја разгледувавме од два агли, епидемиолошки и економски, и во двата случаи сликата е мрачна. Верувам дека истото важи и за погледот од перспектива на геополитиката.

Во наредните недели здравствените системи на Британија, САД и Шпанија ќе стигнат до точка на пукање, точка која здравствениот систем во Италија веќе ја достигна – односно, ќе падне под општествено прифатливото ниво за тријажа и третман и луѓето ќе почнат да умираат поради недостаток на здравствена нега. Наскоро може да се очекува и ширење на болеста во сиромашните земји на глобалниот југ.

Тоа ќе биде можност за манифестирање на сите форми на добра волја и соработка меѓу луѓето. Но, истовремено, ќе ја отвори вратата за неколку негативни сценарија. Во најлош случај, глобалниот поредок би можел да се распадне. Експертите за безбедност идентификуваат три „нестабилни“ држави кои би можеле да се распаднат под притисок на епидемијата затоа што нивните здравствени и управувачки системи веќе се начнати или целосно нефункционални. Тоа се: Иран, Сирија и Северна Кореја. Меѓу споменатите земји, за сега само Иран се наоѓа во посериозна криза со санкциите од САД и реакциите на мулите, најдобро опишани од поетот В.Х.Ауден за „дрдорењето на старците за диктатурата“.

Доколку државната управа во Северна Кореја се најде во криза, веројатно дека на помош ќе дојде нејзиниот гигантски сојузник – Кина. Во Сирија, која е поделена на турска и руска сфера на интерес, исто така може да се насети патот до стабилизација. Проблемот е Иран, регионална суперсила, опкружена со земи кои од верски или политички причини кон неа се непријателски настроени, со популација од 81 милион луѓе кои веќе покажуваат знаци на револт.

Нестабилноста на овие и други држави не би била проблем кога Соединетите Американски Држави би покажале барем малку од она лидерство кое си го присвојуваат од крајот на Втората Светска војна. Но, тоа не е случај. Наместо тоа, Америка користи дипломатски канали за да приграби што поголем дел од расположливите залихи на тестови и респиратори, а тоа сигурно ќе се повтори и кога ќе биде произведена вакцината. Иако Трамп тоа одбива да го признае, САД бараат и очекуваат помош од држави кои во минатото ги уценувале со давање помош.

Недостатокот на американското лидерство создава добра дипломатска прилика за Кина, која тукушто излезе од првиот бран на епидемијата и веќе извезува текстови и респиратори во останатиот дел од светот. Засега, списокот на земји кои добиваат помош главно се совпаѓа со списокот на земји кои учествуваат во кинеската иницијатива „новиот пат на свилата“: Италија, Србија, Венецуела и Либерија. Претседателот на Србија ја искористи помошта од Кина како добра прилика за да ја нападне Европската Унија, чија солидарност ја нарече „само бајка“.

На едно ниво, Кина всушност само влегува во празен простор, користејќи ги своите недостижни производни капацитети за да понуди некаков вид на компензација за тоа што не го спречи вирусот на време. Британските експерти за безбедност веруваат дека Кина во исто време пресметливо се обидува да го обликува светот кој ќе настане од пандемската криза: како со ширењето на своето дипломатско влијание, така и со популаризација на сопствениот модел на управување.

На овогодинешната конференција за безбедност во Минхен клучната фраза беше „Westlessness“ (пад на западното влијание) – израз на страв дека со растот на авторитарните националистички режими во Кина и Русија, вербата во демократијата и човековите права во демократските земји ќе стане бесцелна. Оваа закана најнепосредно се чувствува во Европа: во март минатата година, Европската комисија ја опиша Кина како земја која истовремено е партнер, економски конкурент и „системски ривал кој промовира алтернативни модели на управување“.

Ако кинеската политика на затворање на загрозените подрачја – кои успешно може ја спроведат само авторитарни држави – дава добри резултати, додека Трамп носи одлука да ја игнорира можната смрт на еден милион Американци за да ги сочува вредностите на акциите на берзите, милиони луѓе ширум светот ќе извлечат одредени политички заклучоци. Многумина ќе заклучат дека „западот“ како концепт се распаѓа и дека неговите високо комерцијализирани и фрагментирани општества веќе не се способни да се заштитат ни од вирус од лилјак, а камо ли да го градат глобалниот поредок.

Исто така, немаме доволно време за да размислуваме за се поединечно. Руската државна телевизија веќе им соопшти на своите гледачи дека ЕУ практично се распадна, прикажувајќи снимки од контролни пунктови и огради од бодликави жици. Според извештаите на Европската служба за надворешни работи, фабрикувањето на дезинформации за корона вирусот во режија на Русија и државните медиуми ги достигна индустриските размери.

На руската публика вирусот и е претставен како „облик на надворешна агресија“, додека во обраќањата на гледачите на програмите на англиски, шпански, арапски или италијански јазик, руската пропаганда „се фокусира првенствено на теориите на заговор за тоа како глобалните елити ја користат пандемијата за остварување на сопствените цели“.

Примерите за пропагандата која може да се поврзе со медиумските куќи кои се под руско влијание, документирани во базите на податоци на Европската служба за надворешни работи, го вклучуваат и следното: вирусот прво се појавил во Летонија, создаден е во лабораторија, направен е за западните сили да ги спасат своите економии со печатење пари, некои Американци заболеле од вирусот во септември, но САД ги криеле овие информации, корона вирусот е производ на либерализмот, во прашање е биолошко оружје кое го создала Америка за да го намали бројот на жители на планетата.

Како и во сите кампањи за ширење на дезинформации, целта е да се зајакнат тензиите кои веќе постојат, да се разниша довербата на граѓаните во сопствените лидери, како и нивната посветеност на слободата на говор и човекови права. Во моментот кога влегуваме во одлучна фаза во борбата против вирусот, со длабоки економски пореметувања кои веќе носат тешки последици за многу семејства и заедници, мораме да имаме предвид дека во овој момент сите општествени и политички елити водат голема битка на наративи и идеологии. Исходот од оваа битка ќе ги обликува не само поединечните држави, туку и нивните позиции во светот, опстанокот на мултилатералниот поредок, политичките слободи и медиуми кои ја говорат вистината е заеднички интерес на 99% од жителите на планетата, без оглед на државјанството и етничката припадност.

Воопшто не е тешко да се мапираат слабите точки. САД имаат претседател кој е зависен од лажни вести, економија без сигурносна социјална мрежа, прескап систем на здравствена заштита поставен пред се да произведува профит и федерален систем во кој државите можат да применуваат ривалски стратегии во борбата против вирусот. Можно е под притисок на медиумите како што се Wall Street Journal и Fox News, кои бараат мерките за социјално дистанцирање веднаш да се укинат за да се зачува економијата, Трамп да ја усвои стратегијата – „пуштете ја болеста да го направи своето“.

Европската Унија – иако не се распаѓа, како што тврдат руските медиуми – очигледно минува низ криза. Германија стави вето на предлогот да се усвои програмата за помош на еврозоната во целост и се определи наместо тоа за привремена релаксација на фискалните правила, поради што земјите како Италија и Шпанија со големи потешкотии наоѓаат средства за борба против кризата.

Во светот полн со опасност и неизвесност може да се очекува да се видат центрирани решенија во рамките на националните граници.

Ако сите земји реагираат на ист начин, глобализацијата по пандемијата сигурно ќе изгледа поинаку. Во најлош случај, глобалниот систем би можел да се распадне како во почетокот на 30те години од 20 век кога државите, една по една, се откажаа од извршување на своите обврски.

Она што се прави сега, во момент на невиден притисок врз мултилатералниот систем, ќе ги одреди контурите на светот во развој – во однос на идните сојузи, трговски текови и идеологии.

Гласовите на авторитарните држави се силни, гласовите на демократските лидери се слаби и неприлагодени. Она што недостасува е гласот на 99 проценти од оние кои достигнуваат преку границите и непријателствата да градат колаборативен, уреден свет, од практични причини, за  солидарност во борбата против болестите, наредба што ќе им даде приоритет на човековите животи, просперитет и благосостојба.

извор: NewStatesman

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ