• Latest

Судот одреди 30 дневен притвор за Сашо Мијалков

April 13, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран лансираше ракети врз американската база во Катар како одговор на нападите врз неговите нуклеарни капацитети

June 23, 2025
Фото: МНРиНТ

МНРиНТ: Граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток, ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел

June 23, 2025

Кон обновата на Украина

June 23, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Маратонците го трчаат почесниот круг – „во цветот на староста“ ќе ги спасуваат Македонците од геноцид

June 23, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Битиќи за НОВА: Ако Владата одлучи да го игнорира или сопре ИФМИС, тоа значи дека одбива внатрешна контрола, не сака автоматизација на системите, а уште помалку сака јавноста да знае како и каде се трошат парите

June 23, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ниту по 36 обиди не се конституира косовското собрание; На северот на Косово запленето оружје кај лидерот на „партијата за српска демократија“, полицијата трага по него; Во Њујорк се одржа парада на Албанците

June 23, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за операцијата на САД во Иран?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судот одреди 30 дневен притвор за Сашо Мијалков

April 13, 2021 15:01
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот суд – Скопје, му одреди мерка притвор од 30 дена на Сашо Мијалков, обвинет во случајот ,,Трезор”. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор.

Застапниците на обвинението за случајот „Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.

– Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и не правосилната пресудата во случајот „Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причините се дека постои можност за бегство, рече обвинителот Трајче Пеливанов, кој воедно предложи мерката притвор за случајот ,,Тврдина-Таргет”, да се укине.

Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедени дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот Љупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во предметот „Трезор“ за злоупотреба на службената положба и овластувања денеска е осуден на единствена казна во траење од осум години.

На поранешниот началник на Петтата управа во МВР  Горан Грујевски, кој е недостапен на органите на прогонот му е изречена  единствена казна затвор во траење од 15 години. На поранешниот помошник-министер во МВР  Небојша Стајковиќ, судот му изрече казна затвор од пет години.

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски,  пак, кој се товари за помагање, е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години.

Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.

Предметот се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Престолонаследникот Реза Пахлави ги повика Иранците на национално востание: „Сега е време да го вратиме Иран“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ