• Latest

Сугарески: Се чека извештајот од надзорот за пуштање на автопатот Демир Капија – Смоквица

March 7, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сугарески: Се чека извештајот од надзорот за пуштање на автопатот Демир Капија – Смоквица

March 7, 2018 16:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно позитивниот извештај кој го очекуваме за 10-тина дена од страна на надзорот наредниот месец ќе биде пуштен автопатот Демир Капија – Смоквица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. 

Со новиот Закон за градење целосно се направени олеснувања на процедурите за сите инфраструктурни објекти кои се финансирани од меѓународни финансиски институции, појасни Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во упореба на новата бензинска станица на „Лукоил“ во населбата Трубарево во општина Гази Баба.

Како што потсети,  уште во октомври лани беа издадени одобренијата за дислокација на далекуводот и за изградба на Контролниот центар,  поради што и беше пролонгиран рокот за изградба со анекс на Договорот. Тие активности се завршени, како и електрификацијата и потребната сигнализација. Во меѓувреме се спроведуваат потребните технички контроли.

Информација за состојбата со изградбата на автопатот беше разгледана синоќа  на седница на Владата од каде информираа дека активностите на терен финализираат и оти оваа делница од автопатот ќе биде пуштена по 15 април.

Изградбата на автопатот, во должина од 28 километри, почна во септември 2012 година. Инвестицијата изнесува 218 милиони евра, пари обезбедени од грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и шест милиони евра од државниот буџет.

Новата автопатска делница  се протега од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги  по  1.200 метри,  шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: автопатГоран СигарескиДемир Капија - Смоквица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ