• Latest
epa10097277 A dry riverbed of the river Rhine in Duesseldorf, Germany, 29 July 2022. According to the waterway and shipping administration on the Rhine, water levels are expected to continue to fall over the next few days.  EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Сушата ја заострува енергетската криза

August 18, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сушата ја заострува енергетската криза

August 18, 2022 09:38
in ВЕСТИ, СВЕТ
epa10097277 A dry riverbed of the river Rhine in Duesseldorf, Germany, 29 July 2022. According to the waterway and shipping administration on the Rhine, water levels are expected to continue to fall over the next few days.  EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

epa10097277 A dry riverbed of the river Rhine in Duesseldorf, Germany, 29 July 2022. According to the waterway and shipping administration on the Rhine, water levels are expected to continue to fall over the next few days. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Share on FacebookShare on Twitter

Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи

Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, и до загуби од 5 милијарди евра. Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија, пренесува МИА.

Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите се загрижени и брзаат да преземат мерки, а од Рајна до Дунав и По, реките пресушуваат. Ова значи дека Европа ризикува да биде лишена од клучниот извор на енергија среде енергетската криза, да ги изгуби водните патишта кои се важен дел од трговијата, вклучувајќи го и транспортот на гориво, и да настрадаат дури и во специјализираните сектори како туризмот и гастрономијата. Иронично е што реките и каналите се вклучени во плановите на ЕУ.

Најгласните ѕвона за аларм се стигнаа оваа недела од Норвешка, кога министерот за енергетика и нафта Терге Осланд објави дека резервите на вода во хидроелектраните се толку намалени што земјата мора да го прекине извозот на енергија во ЕУ, со цел да обезбеди доволно електрична енергија за своите домаќинства и деловни субјекти. За разлика од многу европски земји, Норвешка забележа зголемување од 25% на домашната потрошувачка на електрична енергија бидејќи е ограничена употребата на фосилни горива и се охрабрува преминот кон електрични возила.

Веста се совпадна со двојните и подеднакво застрашувачки најави на француската енергетска компанија Electricite de France и германската Uniper. Француската енергетска компанија соопшти дека ќе го намали производството во своите нуклеарни централи во близина на реките Рона и Гарона, бидејќи нивото на водата се намали и нејзината температура се зголеми, што ја прави несоодветна за ладење на нуклеарните реактори. Новата пречка доаѓа во време кога околу половина од француските нуклеарни реактори се надвор од функција. Истиот ден, германскиот Uniper објави дека најверојатно ќе биде принуден да го намали производството во две од своите централи на јаглен бидејќи транспортот преку Рајна е прекинат поради големото намалување на нивото на водата.

Недостигот на вода го собори на колена италијанскиот аграр

Несомнено, прекинот на речната трговија преку Рајна ќе влијае многу на економиите особено на Германија, но и на Холандија и Швајцарија. Во исто време, намалувањето на нивото на водата во реката По на најниските нивоа забележани во последните 70 години влијае на економијата на Италија и на нејзиното земјоделско производство, туризмот, па дури и на нејзината гастрономија.

Првенствено затоа што долината на По сочинува околу 30% од земјоделското производство во земјата и сега е погодена од екстремни високи температури и суша. Резултатот е дека приносите на пченка и сончоглед се намалуваат, а земјоделците се принудени да ја ограничат сеидбата бидејќи нема доволно вода од По за наводнување. Во делтата формирана од реката јужно од Венеција, недостатокот на вода предизвика и овенување на алгите.

Но, најлошото е што нема доволно вода или доволно кислород за школките и другиот жив воден свет. И како што нагласуваат земјоделците и рибарите од регионот, со намалувањето на школките и другиот воден свет, на Италијанците и на туристите ќе им недостигаат познатите тестенини со морски плодови, едно од најпознатите и најпопуларните јадења на италијанската кујна, шпагети „але вонголе“. Според рибарите од околината, од почетокот на летово изгубени се околу 30 отсто од школките, а најмалку 2.300 рибари и други работници поврзани со одгледување школки се во опасност да останат без работа. Затоа синдикатите на овие работници во актуелната исклучително тешка политичка ситуација бараат владина интервенција.

Туристите, од друга страна, само молат за дожд, бидејќи и туризмот е погоден од падот на нивото на водата во реките и каналите во Европа. Проблемот се почувствува неодамна во баварскиот град Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи Дунав формира делта таму, спојувајќи ги водите на Ин од југ и Илз од север. Градот сега е во опасност да го загуби угледот и туристичкиот гламур. На крајот на јули, брод за крстарење долг 135 метри со повеќе од 130 патници, кој вообичаено треба да плови во водите на трите реки, заринка поради нискиот водостој. Така туристите беа принудени со авион да заминат за Букурешт.

Аларм во Германија, загрозен е транспортот на суровини и гориво преку Рајна

„Европските реки не само што ќе добијат лоша репутација како транспортни канали, туку ќе бидат помалку сигурни водни патишта во иднина“. Тоа е предвидување на Фред Хатерман, експерт за хидроклиматски ризици од Институтот за климатски истражувања во Потсдам. Застрашувачка и загрижувачка прогноза, бидејќи европските реки носат приход од 80 милијарди евра главно како водни патишта за транспорт, бидејќи преку нив се транспортираат тони стоки. Несомнено, Рајна е најважната река во Европа, а за Германците речиси има димензија на митолошки симбол. Таа е столб на економијата на Германија, Холандија и Швајцарија со векови

Рајна игра клучна улога во транспортот на јаглен до германските електрани и е врска до мрежата на европските внатрешни водни патишта. Околу 58 милиони луѓе живеат во пошироката област на Рајна и ја користат како вода за пиење, за наводнување, за преработка и производство на енергија. Пред сè, таа е незаменлива за некои индустрии, како што се челичарницата Тисенкруп и хемискиот гигант БАСФ, бидејќи е воден пат низ кој горивото, дизелот, јагленот и суровините се транспортираат до нивните капацитети. Рајна исто така има незаменливо транспортно значење, со оглед на веќе застарената инфраструктура на Германија, нејзината вообичаено преоптоварена железничка мрежа, сообраќајниот хаос и подеднакво преоптоварената патна мрежа во земјата.

Во моментов водите на Рајна се на пониско ниво од пред четири години, летото 2018. Според Економскиот институт во Кил, тогашниот прекин на трговијата на реката чинеше околу 0,4% од вкупниот германски БДП.

Според Нилс Јансен, економист од Институтот во Кил, уште денеска може да се почне да се пресметуваат штетите што ќе ги претрпат германската и европската економија поради падот на нивото водите и пресушувањето на Рајна.

Сфаќајќи ја сериозноста на проблемот, Тисенкруп формира тим за одговор на кризи кој секојдневно ја проценува ситуацијата, додека БАСФ бара алтернативни канали за транспорт на суровини и гориво во своите погони. Поврзана со Дунав со канал, Рајна е долга 1.287 километри и минува низ индустриските зони на Швајцарија и Германија пред да се влеее во Северното Море во големото пристаниште Ротердам во Холандија. Што се однесува до Дунав, падот на неговите води предизвика тревога во Бугарија, Романија и Србија. Во трите земји итно се ангажираат багери, се вршат мерења на дното и длабочината за да се утврди можноста за пловидба на бродовите. Резултатот засега е дека бродовите чекаат во ред со денови.

Осло е загрижен

Истакнувајќи ја загриженоста на Норвешка поради влијанието на се помалите резерви на вода, министерот за нафта и енергија Терге Осланд на почетокот на неделава истакна дека „владата дава приоритет на полнење на хидроенергетските капацитети и ќе го запре извозот на енергија кога резервите ќе се смалат на многу ниско ниво“.

Србија

Загрижен за нивото на водата во Дунав, српскиот министер за инфраструктура истакна дека „од клучно значење за снабдувањето со енергија е Дунав да остане пловен, бидејќи товарните бродови низ реката превезуваат јаглен за работа на термоелектраните кога е намалено производството во хидроцентралите“.

Во Франција

Претходно оваа недела, францускиот енергетски гигант EdF објави дека привремено го намалува производството во своите нуклеарни централи на реките Рона и Гарона, бидејќи зголемените температури на водата ги прават несоодветни за ладење на нуклеарните реактори.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ