Продолжуваат напорите за пронаоѓање на преживеани од разорниот земјотрес во Турција и Сирија. На местото на настанот се собрани повеќе екипи и со сите средства бараат под урнатините дали има преживеани.
Видеото кое стана вирално го прикажува моментот кога спасувачките екипи извлекуваат мало дете од урнатините, а од радост сите почнаа да плачат.
Според последните информации бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Туркије и Сирија се искачи над 11.200.
Н. А.