• Latest

Светиниколска „идила“ во реа и смет

January 17, 2017
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светиниколска „идила“ во реа и смет

January 17, 2017 14:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Преполнети контејнери и ќеси комунален отпад расфрлани наоколу, веќе трета недела, се главната слика на улиците во Свети Николе. Замрзнати се улиците, замрзнати се и купиштата ќеси со отпадоци пред секој двор и до секој контејнер, насекаде низ во градот. Најверојано, замрзнати се  камионот и тракторот на локалното претпријатие кои го собираат ѓубрето од целиот град!“ Вака ја опишува состојбата во Свети Николе, граѓанската новинарка Николетка Панева.

16111704_1583494451664018_37350443_n

„Ваквите глетки може да се видат почесто, јавува граѓанската новинарка која пишува дека Јавното комунално претпријатие ‘Комуналец’ има три возила за собирање на комуналниот отпад, кои треба да ротираат два пати неделно. Но, еве веќе трета недела, улиците и влезовите се претворени во градска депонија. Минатиот месец, тракторот имаше ‘среќа’, ако не да се испере и да ги исчисти улиците, барем да се исчисти за дистрибуирање на храната во центарот на градот, за празникот на градот – Свети Никола. Ако едно физичко лице, месечно плаќа по три денари од метар квадратен за станбен простор и 0,3 денари за метар квадратен дворно место, ЈКП месечно има прилив од над 2 милиона денари, пари од граѓаните. За која услуга плаќаме ние? За ѓубрето да ги украсува ли дворовите и тротоарите, а кучињата, мачките и ветрот, да го разнесуваат насекаде? Ги знае ли ЈКП своите надлежности за кои е и формирано, или знае само да ги ограбува граѓаните“, пишува граѓанската новинарка.

16111634_1583494324997364_678967927_n

„Само вработениот во ЈКП кој ги разнесува сметките до граѓаните да си го подмират долгот, изгледа не е замрзнат. Ги разнесува насекаде навремено, во првите денови на месецот. Камо среќа така експресно и вешто да го собираа и разнесуваа и отпадот. ‘Експресно’ реагираат само граѓаните, кои навремено ги подмируваат долговите, главно молчејќи и трпејќи ја реата“, пишува граѓанската новинарка.

15578766_1234880036594107_5344928206990762519_n

Tags: граѓански новинарѓубреЈКПСвети Николе
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ