• Latest

Светски ден на здравјето

April 7, 2018
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светски ден на здравјето

April 7, 2018 08:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредувањето на јавното здравје, подобрување и унапредување на здравјето и добросостојбата на сите граѓани преку одржлив и високо квалитетен здравствен систем, секој и секаде да го оствари своето право на највисока можна здравствена заштита и да има можност и пристап до квалитетна здравствена услуга, се пораките од македонските здравствени институции по повод 7 Април, Светски ден на здравјето, кој се одбележува под мотото „Здравје за сите, здравје насекаде“. 

Тие посочија дека фокусот ќе биде ставен на подигнување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите со обезбедување на пристап и можности за секој и секаде, на дигнитетот на здравствените работници, на подобрување на инфраструктурата на постојните објекти, инвестиција во капитални објекти, промена на легислативата, реформа во начинот на здравствено осигурување и на целосна електронска интеграција на сите јавни здравствени установи.

Светската здравствена организација во клучните препораки по повод Светскиот ден на здравјето наведува дека поединечни земји во светот постигнале значителен напредок кон универзалениот пристап до здравствените услуги, но половина од светското население сè уште нема пристап до основните здравствени услуги.

Трошоците за лекување доведуваат милиони луѓе да живеат во сиромаштија. Повеќе од 800 милиони луѓе (речиси 12 отсто од светската популација) даваат 10 отсто од приходите на домаќинствата за трошоци за лекување за себе, за болните деца и за другите членови на семејството. За речиси 100 милиони луѓе, овие трошоци се толку високи што ги водат до екстремна сиромаштија, принудувајќи ги да преживеат со само 1,90 долари или помалку дневно, посочуваат од СЗО.

Светската здравствена организација ги повикува лидерите во светот да преземат конкретни чекори кон воспоставување на универзален пристап до здравствените услуги. Тоа подразбира секој и насекаде да има пристап до квалитетни здравствени услуги без да се соочува со финансиски потешкотии.

Светскиот ден на здравјето првпат беше одбележан во 1950 година и оттогаш е насочен кон подигање на јавната свест за здравствените проблеми. Овој ден се слави како потсетник за основањето на Светската здравствена организација, со цел да се привлече вниманието на најважните здравствени проблеми во светот.


Извор: МИА

Tags: здравствосветски ден на здравјето
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ