Во Македонската опера и балет вечерва со свој рецитал ќе настапи еден од наистакнатите македонски тенори Благој Нацоски. Рециталот „Зимско патување“ е циклус од 24 соло песни за глас и пијано. Музиката е на Франц Шуберт, а стиховите на Вилхелм Милер.
Тенорот Благој Нацоски во изминатите две години бележи огромни успеси во светски рамки. Настапувал во миланската Скала, во Њујорк, Токио, Бангкок, Макао, Неапол и во Валенсија. Тој е првиот Македонец кој настапил на сцената на римската Опера (Teatro dell’Opera di Roma).
Во 2008 година е прогласен за „амбасадор на македонската култура во Италија“.