Со драматичен прекин на пленарната седница, две минути по полноќ, помина законскиот рок до кога Собранието требаше да донесе одлука за одземање на имунитетот на Трајко Вељановски.
Атмосферата во собраниската сала се вжешти кога, 30 минути пред полноќ, кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ побара еден час пауза, а Талат Џафери му даде само 15 минути. По враќање од пауза, Мицевски пак побара 45 минути и доби само 5.
На последното враќање, собранискиот спикер Џафери се обиде да премине на гласање, а Мицевски бараше збор. Тој доби 30 секунди, а на тоа реагираа пратеници од двете страни. Во сала завладеа врева, по што, во 00:02 часот, Џафери, покажувајќи кон часовникот, извести дека седницата се прекинува и дека за продолжение ќе ги извести дополнително.
А. Зеќири