• Latest

Талески до Тошковски: Поднесете оставка, памфлетите задржете ги за во вашиот штаб; министерот му одговори „срам ми е да ве слушам“

April 3, 2025

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Талески до Тошковски: Поднесете оставка, памфлетите задржете ги за во вашиот штаб; министерот му одговори „срам ми е да ве слушам“

April 3, 2025 14:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да си поднесе оставка, откако тоа не го направи на 16 март, по трагедијата во Кочани.

На седницата посветена на собраниски прашања, Талески, иако постави конкретни прашања за трагедијата во Кочани за сите институционални и системски пропусти на МВР, министерот Тошковски избегна да даде конкретни одговори.

„Министре Тошковски, 15 месеци сте министер за внатрешни работи и уште не знаете каде се наоѓате и која функција ја извршувате. Овде, во ова Собрание, сте избрани да одговарате на прашања, а не да поставувате прашања. Избегнавте да дадете одговор на сите прашања што ви ги поставивме. Според Законот за јавни собири, сте имале обврска да постапите според фактите што ви ги споменав. Ако не сте постапиле и ве боли, тоа е ваш проблем. Граѓаните бараат одговори на прашања, а не да држите овде политички памфлети. Вака може да се однесувате во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, но овде сте должни да одговорите пред граѓаните. Имавте шанса на 16 март вечерта да поднесете неотповиклива оставка, но бидејќи тоа не го направивте, еве сега имате можност тука, пред македонското Собрание и пратениците што ве избраа, и пред претседателот на Владата што ве предложи, да си поднесете неотповиклива оставка, од морални причини, поради пропусти но и затоа што не дадовте никакви одговори за фактите што ви ги дадовме во Собранието, поврзани со трагедијата во Кочани“, рече Талески.

Во одговорот до Талевски од СДСМ, Тошковски кажа дека му било срам да го слуша бидејќи бесрамно ја манипулира македонската јавност со факти кои се лага, со закони кои не постојат и членови кои се однесуваат на друга фактичка состојба се со цел на гневот и на бесот на македонските граѓаните политички да профитираат.

-Јас ќе говорам врз основа на факти врз основа на истрагата без да манипулирам никого особено не македонската јавноста. Факт број еден – знаете колку кривични пријави поднесе МВР и против колку луѓе за трагичната несреќа во Тетово за Модуларната болница – 0, знаете против колку луѓе поднесоа кривични пријави – против 0, знаете колку кривични пријави се поднесени за трагичната несреќа во која загинаа 45 луѓе во Бугарија во ваше време – 0, знаете колку кривични пријави има за Ласкарци 0. МВР во овој предмет (Кочани) досега процесуираше две кривични пријави против 34 физички лица од кои 31 во моментов се во притвор каде што има членови на СДСМ, на ВМРО- ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија заради тоа што Министерството и во соработка со ЈОРМ односно спровело наредба каква што дало ЈО туку  заради тоа што досега до овој момент се обезбедени докази за степен на основи на сомнение врз основа на коишто може да се процесуира кривична пријава. 34 физички лица, три правни лица досега, рече Тошковски.

Министерот потенцира дека истрагата е во тек и оти допрва ќе видиме колку ќе бидат опфатени откако ќе се спроведат сите процесни дејствија од обвинителството и МВР.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кое се однесуваше на криминалните скандали со обезбедувањето на премиерот, кои станаа секојдневие.

„Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, беше фатен како оддава доверливи информации. Со докази, со видео, слики. Фатен жив. Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашање кое вака лебди во јавноста.

Оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој е долгогодишен партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговата сопруга беше кандидат за советник од истата партија.

А не е ниту изолиран случај. Ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци, јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акција против трговија со дрога. Овие инциденти министре отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат, но и за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.

На неговото ниво, во структурата на МВР, тој немал пристап до таков вид на информации, значи морало да има некој што има пристап, за да му ги даде.

Затоа, Ви ги поставувам следното прашање:

Кој му ги доставил доверливите информации на лицето Ангел Самараков?

Граѓаните имаат право да знаат дали безбедносниот систем воопшто функционира или служи на лични интереси поврзани со подземјето. Мора да има одговорност, транспарентност и итна постапка за расчистување на овие наводи. Затоа што ова е борба за каква држава ќе бидеме – правна и безбедна, или заробена од мафијата, вели Талески.

фото: принтскрин Собрание на РСМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ