Поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески и дел од вработените, при денешното примопредавање на функцијата, ја дочекаа со црвен килим и цвеќе новата градоначалничка, Наташа Петровска од СДСМ.
Сцената беше како од отворање на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, а Талески беше во главна улога.
Можеби се работи се за џентлменски гест на Талески, но со оглед на неговото досегашно однесување кон критичарите и политичките опоненти, сепак, впечаток едека се работи за нова улога на поранешниот актер. Талески досега не одговори на прашањата и обвинувањата на советниците и советничките одминатиот состав на Советот на Општината, за неговото недомаќинско работење додека беше градоначалник.
Дехран Муратов