• Latest
Фото: ВИ - „Тато дали сме во војна“

Тато, дали сме ние во војна?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025

Една година Влада, премиерот Мицкоски вели – чуда не се можни преку ноќ, но најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат

June 23, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да престанат да се однесуваат како да ги донеле институциите од дома, отчетност и транспарентност, референдум за стратешки одлуки – им порачаа граќаните на властите

June 23, 2025
Фото: Фејсбук на Државен студентски Дом - Скопје

УСС УКИМ бара функционални лифтови, топла вода и навремено решавање на проблемите во студентските домови, до каде се ланските ветувања на министерката Јаневска

June 23, 2025
Фото: Д. Мишев

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Mицкоски вели дека успеа да го амортизира обидот за нов удар врз македонскиот идентитет и јазик

June 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Трагикомедија и цинизам: Додека ги ракетита украинските цивили, Русија ги осудува американските напади врз Иран како „кршење на меѓународното право“

June 23, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Шефот на UNRWA ги повикува земјите од ОИС да дејствуваат додека милиони палестински бегалци се соочуваат со криза

June 23, 2025
Самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск. Фото: Скриншот од видео на WION

Во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск најмалку 22 лица се убиени, а 63 други се ранети

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тато, дали сме ние во војна?

Aко на малите екрани секој час се гледаат толку бомби, очај, страв и глад може ли да се тврди дека живееме во мир? Во овој миг постојат толку активни жаришта што старите и континуираните, пред се во Африка се подзаборавени, но тие постојат и се активатор на несопирлива „преселба на народите“, која, се чини, според сокриениот амин на некои наши политичари ќе се завршува и кај нас! Па дури и на некој тактичен начин и ние сме во војна!

June 23, 2025 10:10
in КОНФЛИКТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: ВИ - „Тато дали сме во војна“

Фото: ВИ - „Тато дали сме во војна“

Share on FacebookShare on Twitter

 

 ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Говорејќи на поткастот на неделникот Време за актуелната ситуација на Блискиот Исток колегата Слободан Георгиев, уредник на N1 телевизијата рече дека неговиот син, додека ги следеле последните вести прашал – „тато дали сме во војна?“ Детскиот ум, оптоварен со сите тие слики од боиштата и краиштата погодените со глад, беда и секојдневна, масовна смрт, сето тоа го прима со сите сетила а за неговата свест, каде тие призори се спојуваат, не и требаат теориите на Меклуан за глобалното село.

Таа дилема на родителот беше кажана во петокот навечер а веќе во ноќта меѓу саботата и неделата меѓу 21 и 22 јуни и американските бомбардери Б-2 директно се вклучија во пресметката меѓу Израел и Иран. Ова не беше неочекувано, бидејќи, Трамп е комплетно во некаков паралелен свет меѓу наводните мировни договори и реалноста на бомбите.

Ќе закаже мировни преговори со Иран за минатата недела а бомбите и ракетите од израелските аеродроми ќе полетаат два дена порано. Просто, како некакво замајување на преговарачите. Овој пат некакви преговори, најрпво со ЕУ започнаа ден пред атакот на бомбардерите врз Техеран а Трамп беше задоволен со сликата за пушење на лулето на мирот! Одново хипноза за непријателот?

Неделата ја дочекавме со веста дека бомбардерите Б-2 на САД нападнале три мети во Иран каде наводни биле сместени потенцијални нуклеарни реактори. Тука беше и заканата на Доналд Трамп дека САД може да продолжат со нападите доколку Иран не се согласи на мир. Тоа секако мириса на ултиматум!? Низ очите на загрижениот родител во својата дневна соба ова јасно укажува дека тоа нема да биде само куса операција, бидејќи сојузот Вашингтон – Тел Авив тешко дека експресно може да го натера џинот да клекне на колениците.

За тоа се свесни и американските сенатори кои речиси еднодушно – демократите сите а републиканците во помал број, но не помалку гласни во реакциите – едноставно се ужаснати како некој може да започне војна од таков обем седејќи само со неколкумина во кабинетот без барем да не го извести Конгресот? Бидејќи и оние родители, кои не го вклучиле во саботата навечер телевизорот (по американско време тоа е доба на најважните дневни вести) на прашањето на децата – дали сме ние во војна, секако би рекле – не сине, засега не сме!

А во тој миг веќе се навести подолга пресметка меѓу една велесила и локална блискоисточна „џандар земја“ и Иран. Просто вторава, која покрај својата технолошка, воена и економска инфериорност, сепак е нација со 90 милиони жители и арсенал кој навидум е невидлив ама укажува на многу нови жаришта кои ќе го попречат живеењето на оние кои ја напаѓаат древната персиска цивилизација.

Просто, како  муслиманска земја, која и покрај секташките разлики во светот на исламот, во вакви случаи обично го придобива сентиментот барем на обичниот верник! Антизападното расположение одново ќе го почувствува гневот на блискоисточните, но и оние подалечните држави од југоисточна Азија а тоа е секако голем фронт а еден опасен технократски режим ќе биде стабилизиран макар заради надворешната опасност (случајот Милошевиќ е познат).

Американскиот претседател во моментот ужива во еуфоријата –  ги опишува американските воени напади врз три нуклеарни објекти во Иран како „спектакуларен воен успех“ и додава дека објектите се „тотално уништени“.

Со црвена капа со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема“ и заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио ги вкрстува прстите како знак на сплотеност на кабинетот.

Секогаш постои таа дилема – дали Иран има навистина таков нуклеарен капацитет? Повеќе од 20 години, Бенјамин Нетанјаху ги повикува сојузниците, првенствено САД, да го нападнат Иран, тврдејќи дека оваа земја е најголемата закана за светскиот мир. Конечно успеа. Додека првиот човек на Израел, земјата што прва го нападна Иран, сега веројатно слави затоа што ги доведе САД до историска одлука, Прашањето останува – како ќе реагира Иран? Дали ќе има напади врз повеќе од 40.000 американски војници и 19 воени бази, кои се распоредени во земјите околу Иран на Блискиот Исток?

Што ако нема основ за тврдењето дека Техеран е близу до нуклеарна бомба како што Садам Хусеин немаше хемиско оружје од таков калибар што му се товареше на почетокот на веков? Или има ли некој да постави контра прашање – а зошто пак Израел треба да има нуклеарна бомба а за тоа нема меѓународен изим? Конечно која власт во вакви услови би положила оружје, кога и се дава мотив за внатрешно обединување?

Цената на израелското одбивање еднаш да се освести и да се обиде да направи цивилно општество треба да ја плаќаме сите, постојано, помалку или повеќе скапо! Да, тоа е пред се’ преку цената на бензинот, која пак влегува во сите пори на економијата а оттаму брутално ќе удри врз стандардот. Тоа веќе ни се случува и нам и тоа во мигот, знаат оние кои одат на бензинските пумпи а притисокот врз Регулаторна е толкав што таа  ги качува цените на дневна основа. Ви таа комисија наскоро ќе затропаат и оние кои се зависни од сите видови на увозна енергија а треба да ни обезбедат струја или греење па многумина ќе пресметаат дека латувањето станало луксуз.

Просто во услови со постојните мизерни плати, згора и нивната нередовност, со државата која троши без милост кон реалните показатели а ја нема старата влада и нејзините бенефити со субвенциите, ни останува само „гордоста“. Со оглед на димензијата на овој судир што ја има нуклеарната аура во воздухот тоа не е нешто далечно.

Впрочем, тероризмот, кој коренот го има во голема мерка токму во подрачјето на Блискиот и Средниот Исток, одново ќе стане актуелен и ќе добие подраматични димензии. Она што се случуваше како излив на потиснат бунт на дојденците од трета генерација во западните земји во поблиското минато и беше крстено како тероризам, ќе биде играчка во споредба со она што ќе се случува сега на интернационален план каде гневот заради геноцидот во Газа, против Палестинците (нели, холокаустот го измислија во Европа ама „стапот“ го јадат Арапите во Палестина 80 години) ќе се здружи со бранот на незадоволство на  муслиманаскиот свет заради нападот на Иран, кој не е испровоциран. Многу непријатна симбиоза.

Да замислиме дека едно европско семејство патува со авион и дознава дека до него седат патници со израелски пасоши. И да бидеме искрени – дали во авионот чувството за безбедност ќе се намали или зголеми?

Тероризмот е ден вид на „резервна гума“ за по инфериорниот патеник во светот, па иако е во својата конечна ефикасност можеби непропорционален по бројот на жртвите во паралелната војна, тој ќе живее и ќе минува само низ амплитуди на зачестеност.

Но, сега е тој начин на војување на ред, па ќе започнат на аеродромите уште по компликувани процедури, цените на патувањата драстично ќе поскапат (не само заради вредноста на керозинот) а цели стопански гранки како туризмот веднаш ќе почнат да губат здив. Во опасност не се стотина илјади работни места туку веројатно и милиони, работници и нивните семејства кои живеат од транспортот и туризмот. Можеме да ги замислиме како летово ќе се празнат хотелите во Египет и Турција, да речеме, кои се на  источниот Медитеран, подрачје што е прво на удари од тој тип.

Но би било лошо ако сѐ се планира со актуелни, минливи ефекти од нападите врз Иран минатиот и овој викенд. Израелските граѓани веројатно за прв пат после Јом Кипурската војна, пред речиси 53 години, почувствуваа дека нивната одбрана не е комотна и дека челичната заштитна купола не ги брани толку прецизно од воздушни удари. Се рушат цели станбени блокови,  болниците се полнат а официјалната статистика за жртвите и не е за верување.

„Доналд Трамп ги турна Иран, Блискиот Исток, САД и неговото претседателствување преку судбоносен праг со напаѓање на нуклеарната програма на Техеран“, пишува Стивен Колинсон, дописник на Си-Ен-Ен за Белата куќа и политиката на САД. „Летната ноќ во јуни 2025 година може да се запомни како моментот кога Блискиот Исток се промени засекогаш; кога стравот од нуклеарно уништување беше отстранет од Израел; кога иранската моќ беше стерилизирана, а американската се искачи“.

Тој додава дека „постои ризик иранскиот режим да реагира со напаѓање на американските сили, цели или цивили во регионот и конфликтот да ескалира во многу поголема војна“.

„Претседателот ја загрози глобалната безбедност и сопственото наследство. Тој нема начин да знае какви потези ќе преземе Иран“, вели новинар на CNN, додека новинар на BBC вели дека Велика Британија може да воздивне со олеснување бидејќи е избегнала потенцијално тешка одлука.

 

„Најреалната база за нападот беше онаа што ја водеа Британците во Индискиот Океан. Доколку САД побараа да го користат тој објект, а владата на Велика Британија се согласи – тогаш Иран сигурно ќе го сметаше тоа за приклучување на Обединетото Кралство кон војната. Фактот дека нападот се случи без наше учество е олеснување за британските креатори на политики“, вели британскиот новинар за јавни услуги.

Како што се гледа од овие исечоци од новинарски извештаи триумфот се меша со загриженост а се прима како олеснување фактот дека нема директна инволвираност. Како и да е од неодамна таткото Швајцарец може на прашањето од насловот да одговори дека неговата земја после низа векови неутралност се приклучила на одбранбениот план на Унијата за заштита од воздушна опасност со свој финансиски придонес. „Да сине, ние сме во војна“ – веројатно без размислување би рекол жителот од Алпите.


Текстот е личен став на Авторот
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ