• Latest

Чистење на дното на Охридското Езеро

May 13, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Чистење на дното на Охридското Езеро

May 13, 2018 16:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на летната туристичка сезона,  Клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска почна со активности во рамки на акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад на потегот од градското пристаниште до Канео.

Акцијата е финансиски поддржана од локалната самоуправа.

Градоначалникот Јован Стојаноски пред почетокот на акцијата рече дека Охрид како туристички центар треба да биде препознатливо чист, за што побара поддршка од граѓаните, да водат сметка за чистотата на градот и езерото.

– Акцијата за собирање отпад од езерото е мал проект, дел од поголемата приказна што е предвидено да се реализира во соработка со ЈП „Охридски комуналец“. Планирани се многу акции во кои ќе бидат вклучени училишта, фирми и охридските јавни претпријатија. Јасно е дека ЈП „Охридски комналец“ не може сам да го чисти целото крајбрежје, па оттаму важноста на ваквите акции, рече Стојаноски.

Нуркачите од Охрид преку најразлични активности и проекти повеќе од 20 години вршат чистење на дното на езерото.

– Наша единствена цел е да влијаеме врз свеста на граѓаните, да им се вреже во свеста дека не треба да се фрла отпад во езерото. Езерото го загадуваат исклучиво граѓаните на Охрид, никој од туристите не доаѓа за во езерото да фрли машина за перење, истакна Горан Балевски нуркач од Клубот за подводни активности „Охрид“.

Позитивно во сите овие акции е податокот што го изнесуваат нуркачите, дека од година во година се помалку отпад се вади од езерото. Акциите за чистење даваат резултат и придонесуват за јакнење на еколошката свест. (МИА)

Tags: дноеко акцијаОхридско Езерочистење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ