• Latest

Човечност, што беше тоа?

December 21, 2017

24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

May 21, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за стратешкиот договор со Велика Британија?

May 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

РЕАКЦИИ: Тоа не е војна, геноцид на палестинскиот народ, жално; Геноцид врз цивилно население, глад и убивање на цивили и обид за етничко чистење; Тоа е истребување на еден измачен народ, човештвото го достигна дното

May 21, 2025

Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

May 21, 2025
Украинската амбасадорка Лариса Дир на откривање на скулптурата „Горчливо сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир. Фото: ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Амбасадорката Дир: Овој споменик за Украинците има свето значење, тоа е спомен и оддавање почит на децата и возрасните кои беа погубени со глад во Украина, по јасна наредба од Кремљ

May 21, 2025
Воена вежба. Криволак, 10 март, 2023
фотографија: Ариан Мехмети

Во „Криволак“ војските на седум НАТО држави и две партнерски ќе имаат вежба од 26 мај до 9 јуни

May 21, 2025

По Кошта, в петок Каја Калас доаѓа во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

May 21, 2025

Кушч: Одбраната на информативниот простор на Украина е одбрана на демократијата во Европа

May 21, 2025
Градоначалникот Висар Ганиу на поставување на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир. Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Ганиу: Да не забораваме, да не бидеме рамнодушни, да бидеме секогаш глас на мирот и чин на совеста

May 21, 2025
фото: скриншот Х, Sulaiman Ahmed

Лекари без граници: Дозволената помош за Газа е „димна завеса“ за да се избегнат обвинувањата за изгладнување

May 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Човечност, што беше тоа?

December 21, 2017 16:37
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Се случи уште едно убиство во нашиот град. Дознав ( како и вие) од интернет. Од интернет порталите, и од пријатели што ја споделија црната вест. Минатата вечер, како и секогаш кога се случува убиство, страницата ми се наполни со објави за веста, насловени со „Видео од убиството…“, „Внимание, вознемирувачка содржина“, „Фотографии од убиството…“, и слично. Ми се помати умот.

пишува: Дијана Тахири

Пред неполни дванаесет години, на еден неделен мартовски ден, ми заѕвони мобилниот во пладневните часови од денот. Беше татко ми, ме праша дали следев вести, и кога му кажав дека не следев, инсистираше да следам, некако чуден во своето барање и во гласот. Го вклучив телевизорот, побарав канал со вести, и по неколку минути ја слушнав веста за четворица исчезнати од Македонија, во една друга земја, и дека се претпоставува дека се киднапирани од локални терористи. Сè уште не се знаеше дали се живи. Ова се случило пред еден ден, значи во сабота, но веста се прошири во недела. Со неверување ја слушав веста, затоа што мојот сопруг со тројца негови соработници пред два дена отпатуваа на истото место за потребите на компанијата за којашто работеа, и не се слушнавме два дена бидејќи на локацијата каде што отпатуваа мрежата не беше достапна. Се прибрав, и си помислив – штом не се јавија од компанијата во којашто работи, сигурно не се тие, иако се вознемирив од веста независно дали ги познавав или не луѓето. Сепак, по неколку часа се јавив кај познаници во фирмата, за да ми потврдат. Ми кажаа дека не е вистина, и ми препорачаа да не гледам вести. Ако има нешто такво, сигурно дека ќе ме информираат. Медиумите не престануваа со известувања, вест дека терористите бараат голема сума пари за размена на заложниците, вест дека ги убиле, вест дека ги пронашле… Подоцна, се јавив кај сопственикот на фирмата, откога се алармиравме сите, и разбрав дека мојот сопруг, со неговите тројца колеги, биле киднапирани, и дека сè уште не се знае ништо за нивната состојба.

Оваа агонија на незнаење, несигурнот, страв, очекување и надеж, траеше една недела. Во текот на таа недела, медиумите непрекинато известуваа, секоја според своите рејтинг потреби и интереси, новинари во заседа пред семејната куќа на родителите на мојот сопруг, во очекување на (не)надејна средба со членови на семејството за да дознаат нешто повеќе и од прва рака за случајот. Телефоните постојано ѕвонеа, што од роднини, што од пријатели, што од новинари. Дури една новинарка ми изрази сочувство, додека ние сè уште бевме во очекување на било каква вест. По тој телефонски повик, ми се урна светот… По една недела, нè известија дека се пронајдени, мртви, на планина, покриени со камења. По половина час добивме повик за да нè известат дека се живи и дека се тргнати со хеликоптер до градот во кој беше поставена базата на компанијата во којашто работеа. Неколку часа по овој повик, нè известија дека претпоследната вест е измислица, или погрешна интерпретација, и дека мртвите тела  ги пренеле со хеликоптер до базата.

Откако помина погребот, весниците беа преполни со фотографии од мојот сопруг (беше и јавна личност), мои фотографии од погребот, фотографии од семејството, придружени со сензационалистички наслови и текстови. Години по случката, разни медиуми, од земјава и европски, се обидуваа да стапат во контакт со мене или со семејството на мојот сопруг. Без успех. Со години, се будев со претставата за состојбата во која ги нашле, начинот на кои ги убиле (како што ми опишаа луѓето надлежни за нивното пронаоѓање).

Ви кажувам за мене, не можам да знам како се буделе и се будат неговите браќа, неговата сестра, и родителите. Никогаш не си кажавме како се чувствуваме, земајќи ја предвид болката на другиот. Дури ни болката не ја искажувавме еден пред друг, до ден денешен. Секогаш сочувствувајќи и земајќи ја предвид болката на другиот.

Сочувство. Разбирање. Милост. Човечност. Етика.

Ниту една одлика од горенаведените не ги препознавам кај таканаречените „медиуми“, портали, како и кај многу познати и непознати личности, коишто, ми се чини дека едвај чекаат да се случи убиство за да се натпреваруваат кој прв дознал и колку повеќе дознал од другиот, не обрнувајќи внимание на другата, реално засегната страна. Со денови и месеци по случувањата, се употребуваат фотографии од починатите, за ниски „човечки“ цели завиткани со  комерцијализација на случка – убиство како синоќешното, и  на тоа пред еден месец, пред неколку месеци, пред една година…

Да се разбереме, фала богу што постојат новинари и вести, затоа што тие се нашите прозорци кон светот, од нив се инфромираме и ги користиме плодовите од нивната работа, затоа што е една од најхуманите и најблагородните професии (ако се работи според етичките и професионалните норми), колку што е и една од професиите со најголема влијателност во општеството на светско ниво и допира до секој агол на живеењето и општествените движења. Така што, оваа форма на претставување на вест во нашава земја, не може да се нарече професионална, уште помалку човечна, и треба да се преземат итни мерки, предупредувачки и казнени мерки за порталите и медиумите коишто на суров начин газат по човечкото достоинство!

Ги повикувам сите што ќе го прочитат ова мое писание, по можност, да го споделат, за да допре до што повеќе души. Го напишав со многу двоумење и нелагодно чувство, затоа што за прв пат се изразувам јавно за околностите на случката што ја опишав погоре, и си го погазив принципот што си го поставив одамна – никогаш да не ја искористам семејната трагедија за надворешни цели. Сепак, целта е благородна, и од општествен интерес, во смисла на поттикнување на човечката совесност и свесност. Се надевам дека е вредно да се искористи во оваа форма.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share332Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ