• Latest

Четири седници на Собранието на Република Македонија

April 3, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Четири седници на Собранието на Република Македонија

April 3, 2018 07:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Четири седници ќе одржи денеска Собранието на Република Македонија.

Пратениците на 27 собраниска седница меѓу другото ќе расправаат за измените на Законот за работните односи, како и Предлог законот за остварување право на пензија за работниците во рударството.

На деневен ред на седницата број осум во прво читање се измените на Законот за јавно обвинителство и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година.

Пратениците на 40. седница во прво читање ќе расправаат за Предлог законот за високото образование, а на дневен ред се и закони од сферата на праводсудството – измени и дополнувања на законите за Судскиот совет на Република Македонија, за судовите, во прво читање.

На дневен ред на 40. седница е и Предлог национална стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година.

Во второ читање на оваа седница е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и измените и дополнувањата на Законот за полиција.

Пред пратениците на 38. седница во прво читање ќе бидат ставени измените и дополнувањата на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронско управување и за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

На дневен ред се и повеќе закони од областа на медицината, меѓу кои измените и дополнувањата на законите за санитарната и здравствената инспекција и за лековите и медицинските средства, двата во прво читање.

Пратениците во прво читање ќе разгледаат и економски закони меѓу кои измените и дополнувањата на законите за основање на Агенција за енергетика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост, за Народната банка на Република Македонија, за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, за јавни јавните набавки, сите во прво читање.


извор: МИА

Tags: седнициСобраниесобраниски комисии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ