• Latest

Течат роковите за ДИК, собраниската комисија за избор сè уште не е закажана

July 9, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Течат роковите за ДИК, собраниската комисија за избор сè уште не е закажана

July 9, 2018 09:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Неделава треба да почне собраниската процедура за избор на новиот состав на Државната изборна комисија, но, сè уште е неизвесно дали и кога претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закаже седницата. 

Вчера тој за повеќе медиуми изјави дека нема да закаже седница на Комисијата, која е надлежна за изборот на членовите на ДИК, додека  партиите не се усогласат и не дадат зелено светло.

Во спротивно, потенцира, ако тој ја почне постапката без дадена согласност од партиите, процесот нема да успее и оти ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна преку портпаролот Наум Стоилковски порача дека за да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада, бидејќи, според партијата, тоа било договорено пред ВМРО-ДПМНЕ да се врати во македонскиот Парламент и да даде поддршка за реформските закони.

На ваквиот став реагираше СДСМ, од каде истакнуваат дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК и секојдневно додава нов услов за поддршката во преговорите.

Рокот за формирање на нова Државна изборна комисија истече на 29 јуни. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот, кој премиерот Зоран Заев го најави за крајот на септември или почетокот на октомври годинава.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се надева дека опозицијата нема да го кочи изборот на членовите на Државната изборна комисија од која зависи и одржувањето на референдумот.

– Прв пат се случува Комисијата за избори и именувања да ја води опозицијата. По завршувањето на изборите во 2016, компромисно се договоривме и пруживме рака како мнозинство, да покажеме дека имаме верба во опозицијата. Со сето ветување од опозицијата дека нема да се искористи за опструкција таа Комисија, гледаме дека во пракса не е така, рече Џафери во петокот во емисијата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ.

Изборот на ДИК не може да помине без согласност и гласање на опозицијата, со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели, а се пријавија 41 кандидат. Рокот до кога треба Собранието да го избере новиот состав на ДИК е 17 јули.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКкомисијауште не е избрана
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result