• Latest

Текстилните работнички со свои барања и пораки до работодавците

November 10, 2019
фото: СДСМ

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки по предлог на Филипче

December 2, 2025
Скриншот од видео на
CNA

Путин се сретна Виткоф во Москва откако рече дека не сака војна со Европа, но е „подготвен за борба“

December 2, 2025
Фото: Х

Руски пропагандисти циркулираат лажно видео од Тајмс Сквер со билборд за обложување на „бегство“ на Зеленски од Украина

December 2, 2025

ЕКСКЛУЗИВНО – Пендаровски за ЦИВИЛ (2): Србија не нè турка во „српскиот свет“, нашите политички гарнитури го прават тоа

December 2, 2025
Скриншот од видео на
EU Debates | eudebates.tv

Могерини и Санино во притвор во истрага за измама во ЕУ

December 2, 2025
Фото: Амбасадорката Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Додека Украина и партнерите бараат дипломатски начини за постигнување праведен и траен мир, рф продолжува да удира по мирните градови

December 2, 2025

24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

December 2, 2025
Креирано со помош на ВИ

Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

December 2, 2025

Линеарно или процентуално? Пензиската дебата ја оголи најдлабоката социјална поделба во државата

December 2, 2025
Фото: МИА архива и Влада

МТСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

December 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Текстилните работнички со свои барања и пораки до работодавците

November 10, 2019 19:50
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Вие сте тие заради кои во недела излеговме овде“, „Се надеваме еден ден ќе допре нашата мака до вашите срца“, „Стоп за психичкото вознемирување на работно место“, се дел од барањата и пораките упатени кон работодавците од текстилната индустрија, кои денес можеа да се слушнат на мирниот протест на текстилните работнички во Штип.

Текстилните работнички денес излегоа и гласно упатија порака до работодавците дека овој пат и тие имаат свои барања и дека нема да молчат на неправдите кои им се нанесуваат од работодавците. На протестот имаше стотина работнички од Штип, дел од нив своите потресни стории на дискриминација и прекршувања на нивните права од работодавците, ги споделија јавно пред сите пристуни.

„Ние сме благодарни на граѓанските организации во кои имаме најголема доверба и ни се први места каде се обраќаме кога ни треба помош, благодарни сме и на министерката Мила Царовска која навистина се труди околу текстилните работнички и успеа да ни ја покачи минималната плата. Ние денес за прв пат се охрабривме да направиме вакво нешто, да излеземе без страв, знаејки дека можеби од утре ќе имаме проблем со работодавачот. Но, одлучивме дека е време да собереме храброст и да се спротиставиме на нивните интереси и да кажеме дека и ние имаме свои барања. Зошто и најдобрите закони да ни ги донесат, ако не знаеме да се спротиставиме на работодавците, ние ќе бидеме во лоша положба. Затоа сме овде“, изјави за ЗУМ.МК текстилна рабтничка.

Ова е прв пат текстилните работнички да соберат храброст и да застанат една до друга. Една од главните пароли на протестот беше паролата, „СОЛИДАРНОСТ“ зборчето и чувството на текстилните работнички што фалеше во целата приказна за работникот да го дигне својот глас.

ЦИВИЛ целосно ги поддржува барањата на текстилните работнички и категорично бара од институциите да го гарантираат правото на мирен протест и правото на штрајк. Ниту една работничка или работник што протестира не смее да трпи било каков вид на вознемирување или притисок на работното место. Напротив, за поздравување и за поддршка е кога работничките и работниците имаат храброст да ги бараат своите права. Работниците имаат легитимни барања, а согласно Уставот на РСМ, граѓанките и граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест. Секоја една работничка која би трпела некаков притисок од страна на работодавачот, поради денешното присуство на протестот, ја охрабруваме без размислување да се обрати и да го пријави тоа, а ние заедно со останатите граѓански организации, а веруваме и институциите, ќе се погрижиме да ѝ се обезбеди соодветна заштита.

Собирот денес беше еден голем чекор кон враќање на солидарноста и довербата меѓу текстилните работнички и работници.

Симона М. Живкова

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Ангел Ангеловски/PMD

    Пензионерите ќе останат без најавеното зголемување: Владата ја префрла вината на Уставниот суд

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Македонски портали усогласено шират малициозни тврдења на руска разузнавачка служба

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Линеарно или процентуално? Пензиската дебата ја оголи најдлабоката социјална поделба во државата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Трамп вели дека „трајно ќе ја паузира“ миграцијата од „земјите од третиот свет“ по пукањето во Националната гарда

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ