• Latest

Телефонски разговор Нинисто – Путин, закани од Русија по најавата на Финска за членство во НАТО

May 14, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Телефонски разговор Нинисто – Путин, закани од Русија по најавата на Финска за членство во НАТО

May 14, 2022 15:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Финска, Саули Нинисто телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин за плановите на Хелсинки за членство во НАТО, пренесува МИА.

– Разговорот беше директен и отворен и беше воден без отежнување. Избегнувањето на тензиите се оценуваше за важно, посочи Нинисто.

Тој во телефонскиот разговор со Путин истакна дека по руската инвазија драстично се променило безбедносното опкружување на Финска поради што земјата одлучила во следните денови да побара членство во Алијансата.

Рускиот претседател Владимир Путин, во разговорot со финскиот колега истакна дека би било грешка ако Хелсинки се откаже од неутралниот статус и се придружи на НАТО, соопшти Кремљ.

Финска не се соочува со безбедносни закани и потенцијалната промена во нејзината надворешнополитичка позиција може негативно да влијае на билатералните односи помеѓу двете земји, истакна Путин.

Тој го информирал Нинисто дека преговорите со Киев практично се стопирани и оти украинската страна не е заинтересирана за сериозен и конструктивен дијалог.

Откако Хелсинки најави дека планира да аплицира за членство во НАТО, Финска беше исклучена од руската електрична мрежа, а Русија спроведе воени вежби во Калининград, својата енклава на Балтичкото Море.

Жестоки реакции и закани од официјална Москва уследија по најавата на Финска дека ќе бара членство во НАТО.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александат Грушко изјави дека Москва ќе преземе соодветни мерки ако НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура во близина на границата со Русија.

– Ќе биде потребно да се одговори … со преземање на соодветни мерки на внимателност кои ќе обезбедат одвраќање, истакна Грушко.

Тој додаде дека не гледа „реални“ причини“ зошто Финска и Шведска сакаат да ѝ се придружат на Северноатлантската алијанса …

Додека потпретседателот на Одборот за одбрана во Думата, Алексеј Жураљов истакна дека Русија може да ја збрише Финска од лицето на Земјата за десет секунди.

Тој и се закани и на Велика Британија, наведувајќи дека на руските нуклеарни проектили им треба три минути да стигнат до Островот.

– Американците ќе направат се за да дојде до трета светска војна. Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во конфликт со Русија, ќе се обидат да ја запалат ситуацијата во Азија и да размрдаат што е можно повеќе земји. Тоа ќе биде одличен начин за да се извлечат од внатрешната економска криза. За сите проблеми ќе ја обвинат војната, како што правеа во Првата и во Втората светска војна, наведе Жураљов.

На прашањето дали е можно Русија прва да нападне со атомска бомба, тој одговори: „Секако, но под услов ако се доведе во прашање самото постоење на Русија“.

Тој им се закани и на балтичките земји.

– Ние дефинитивно не се плашиме од тие кикиритки држави. Тие се како смрдливи бубачки, ќе треба да се згазнат кога ќе биде нужно. Сега бубачките се мали и смрдливи, посочи Жураљов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ