• Latest

Тилев: Скринингот со ЕУ е исклучително сложен процес со јасен план за целосна хармонизација со европското право

August 12, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тилев: Скринингот со ЕУ е исклучително сложен процес со јасен план за целосна хармонизација со европското право

August 12, 2022 09:42
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот советник за европски политики во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев за МИА го појаснува претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ за усогласеноста на европското законодавство со македонското, што треба да започне во септември. Тој вели дека од формално-правен аспект, нема дилема оти за нас преговорите веќе се започнати со отворањето Меѓувладината конференција, што ќе остане отворено за целото времетраење на преговорите, кои треба да резултираат со потпишување и ратификација на Пристапниот договор и полноправно членство на земјата во ЕУ.

Тилев за МИА исто така вели дека геополитичката констелација на состојбите, налага да се размислува рационално и да се одлучува брзо, но и исправно, во интерес на државните и националните приоритети и оти подобра алтернатива за нас од членство во ЕУ нема и нема да има во догледно време.

Според него, секоја слабост која би ја покажале во нашата евроатлантска ориентација ни оди на штета и може да има долгорочни негативни последици.

– Сосема е јасно, од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ, дека преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени. Тоа е голем товар за нашето општество и голем политички предизвик, кој не смее да тлее долго, оценува државниот советник Тилев за МИА.

Појаснува дека скрининг процесот или преглед на законодавството е составен дел од процесот на пристапни преговори и оти се одвива во две фази –  објаснувачки и билатерален дел.

Тој потсетува дека Одлуката за почеток на преговорите беше донесена уште во март 2020 година со едногласност, а по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година и добиената согласност од Бугарија е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ, во писмена процедура на вонредна седница на 18 јули 2022 година. Ден потоа, односно на 19 јули се отвори и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Северна Македонија, а веднаш официјално започна и скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

– Првата фаза, објаснувачкиот скрининг е преглед на европското законодавство кога експертите од Европската комисија го презентираат и детално објаснуваат европското законодавство пред нашите експерти. Тоа се правните акти кои се предмет на пристапните преговори или поточно, кои ќе мора да ги транспонираме во домашниот правен систем и целосно да ги имплементираме. Втората фаза е билатералниот дел, кога нашите експерти го презентираат статусот на транспозицијата на тоа исто европско законодавство во националниот правен систем, односно што досега сме транспонирале, како тече имплементацијата, што и кога од европското закондавство ќе транспонираме во наредниот период, со јасен план и за тоа кога ќе бидеме целосно хармонизирани со европското законодавство, во сите области, вели Тилев.

Тој нагласи дека првата фаза, односно објаснувачкиот скрининг, заедно со Албанија, веќе го спроведовме еднаш во периодот 2018-2019 година, за вкупно 33 поглавја, но поради блокадите на кои наидовме во меѓувреме истиот беше ставен на пауза.

– Со одблокирањето на процесот и отворањето на Меѓувладината конференција и рестартирањето на скринингот, всушност ќе се престроиме сега според новата Методологија за пристапни преговори. Скринингот ќе продолжи по кластерска структура, во шест кластери во кои се групирани 33 поглавја и тоа со освежување на делот на објаснувачкиот скрининг, заедно за нас и Албанија, со новото законодавство усвоено од декември 2019 до денеска, односно до 2022/2023 година, а потоа паралелно и со билатералните скрининзи за сите кластери, области и поглавја, но во овој дел одвоено, посебно за нас и посебно за Албанија, појанува тој.

Скринингот ќе трае до ноември 2023, со можност за одредени прилагодувања

На прашање на МИА да појасни колку време ќе трае скринингот и што потоа, Тилев вели дека скринингот, „освежувањето“ и билатералниот скрининг, според нацрт Календарот ќе трае до ноември 2023 година, со можност за прилагодување според дадените услови.

– Ќе започнеме со Кластерот за Фундаментални вредности, кој според новата Методологија и според Преговарачката рамка, се отвора прв и се затвора на крајот на пристапните преговори, ќе трае најдолго и исто така е најкомплексен и најтежок за преговори. Во рамките на овој кластер се елементи во преговорите, покрај Владеење на правото (поглавјата 23 и 24), кои за првпат се дел од преговорите, а тоа се Економските критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционалност на демократските институции. Кон овој Кластер исто така се приклучени и поглавјата за Јавни набавки, Статистика и Финансиска контрола, а дополнително сите овие елементи се хоризонтално поврзани со капацитетите за борба против корупцијата, појаснува Тилев за МИА.

Тој истакна дека по завршувањето на билатералните скрининзи, според дадениот календар, следат т.н. „скрининг извештаи“, во кои Европската комисија за сите кластери, области и поглавја прави пресек на статусот, плановите и условите за отворање на секој кластер. Усвојувањето на овие скрининг извештаи, додава, и дефинираните одредници за отворање на преговорите за секој кластер се усвојуваат од страна на Советот на ЕУ со едногласност.

– Во нашиот случај, за отворање на преговорите за кластерот Фундаментални вредности, веќе се предвидени основните одредници, и тоа, Патоказ за владеење на правото со приложен Акциски план и Патоказ за реформа на јавната администрација. Потоа следат и времени одредници во делот на Владеење на правото, како и одредници за затворање на преговорите за сите поодделни поглавја, истакна Тилев за МИА.

Тилев оценува дека сме подготвени и имаме доволно капацитети за овој процес, бидејќи државава се подготвуваше за преговори многу години наназад, но напоменува дека тоа не смее да не доведе до заклучок дека скринингот, односно билатералниот скрининг е лесна и едноставна вежба.

Напротив, додава Тилев, се работи за исклучително сложен процес на продлабочени анализи за сите секторски политики со јасен план за тоа што, кој, кога, како и со кои финансиски средства ќе направи за целосна хармонизација со целокупното европско право, вклучително и непречена и компетентна имплементација на истото.

– Во повеќе наврати сум истакнувал дека сме подготвени да ги започнеме преговорите и скринингот, но за да ефикасно преговараме и ги затвориме преговорите до 2030 година, потребно е значително зајакнување и подмладување на структурите надлежни за водење на процесот. Имено, во политичката изјава на претседателот на Владата на отворањето на Меѓувладината конференција дадовме ветување, а со тоа преземавме обврска, до 2030 година да бидеме целосно подготвени за полноправно членство. Тоа значи дека сите ресурси ќе треба да ги впрегнеме за да ја исполниме таа амбициозна цел, која според мене, треба да стане државен проект и државен приоритет број еден, истакна тој.

Тилев исто така посочува дека доколку се оценува вкупната усогласеност на нашето со законодавството на ЕУ, кое според груба проценка во моментов достигнува околу 45 проценти, може генерално да кажеме дека нашата стартна позиција е доста добра, речиси на нивото на Црна Гора и Србија кои веќе преговараат една деценија.

– Но, тоа е само наша проценка, за да имаме вистинска претстава до каде сме, ќе треба да почекаме да ги поминеме билатералните скрининзи и да ги добиен скрининг извештаите за сите кластери. Тогаш ќе може да кажеме попрецизно и објективно до каде сме и уште колкав пат имаме до изодиме до целта, вели Тилев.

Тој нагласи дека за нас од особена важност ќе биде делот за владеење на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформа на јавната администрација и функционалноста на демократските институции, вклучително и добрососедските односи, односно имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.

– Од аспект на финансиски потреби, односно големи инвестиции, предизвик ќе бидат енергетската и транспортната инфраструктура, како и инвестициите во делот на заштита на животната средина, и од аспект на обемноста на европското законодавство, посебен предизвик ќе биде делот на земјоделство, безбедност на храна и повторно, заштитата на животната средина, оцени Тилев.

Отворање на Втора меѓувладина конференција, по уставните измени

Државниот советник за европски политики Драган Тилев за разговор за МИА потсетува дека од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.

–  Со заклучоците од Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година, дефинирани се чекорите по кои ќе се движи нашата Меѓувладина конференција. Имено по нејзиното отворање, во формат на политичка конференција, наметната ни е и првата „политичка одредница“, а тоа се уставните измени, како предуслов за комплетирање на отворањето на пристапните преговори со следната Меѓувладина конференција. Таа треба да се случи по пат на автоматизам, без нова политичка одлука, веднаш штом ги заокружиме и официјализираме уставните измени, оценува Тилев.

Тој нагласува дека од страна на Советот на ЕУ, на 18 јули е усвоена и Преговарачката рамка, со која се дефинирани условите под кои Северна Македонија ќе може да стане полноправна членка на ЕУ.

– Истата е речиси невозможно да се промени, освен по истата постапка како што е донесена и со едногласност на сите земји членки. Сосема е јасно, од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ, дека преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени. Тоа е голем товар за нашето општество и голем политички предизвик кој не смее да тлее долго, оценува државниот советник Тилев за МИА.

Праксата ќе покаже дали новата Методологија е функционална

Тилев на прашање на МИА за тоа дека процесот на преговори со останатите балкански држави Србија и Црна Гора, кои траат десетина години, може да значи дека ЕУ го забавува процесот на проширување и дали постои веројатност дека проширувањето би запрело со Хрватска, вели дека токму затоа била усвоена новата Методологија, со цел да се динамизира процесот, но допрва ќе видиме дали во пракса тоа ќе функционира.

– Една од основните причини за тоа зошто Франција го блокираше процесот на проширување во 2019 година, чија патем прва жртва бевме токму ние, и зошто беше усвоена Новата методологија во март 2020 година, беше токму за да се забрза и динамизира пристапниот процес. Спороста со која се преговараше со Црна Гора и Србија, предизвикуваше несигурност и непредвидливост за тие две држави, но и за целиот Западен Балкан, нагласи Тилев.

Тој вели дека новата Методологија требаше да внесе динамика и да го забрза процесот.

– Дали во пракса тоа ќе се случи, треба да видиме токму низ преговорите со нас и Албанија. Секако дека не е позитивно тоа што се дозволи внесување на билатералните прашања во преговарачката рамка на ЕУ за нас, и секако дека тоа нема позитивно да влијае на пристапниот процес. Колку негативно влијание ќе има билатерализацијата на нашиот процес и на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан, одговорот ќе треба да го побараме во Брисел, Париз, Берлин, Софија, Атина, нагласува тој.

Тилев оценува и дека геополитичката констелација на состојбите, налагаат да се размислува рационално и да се одлучува брзо, но и исправно, во интерес на државните и националните приоритети.

– Подобра алтерантива за нас од членство во ЕУ, нема и нема да има во догледно време. Секоја слабост која би ја покажале во нашата евроатлантска ориентација ни оди на штета и може да има долгорочни негативни последици, вели за МИА државниот советник за европски политики Драган Тилев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ