Албанија се соочува со сериозна политичка криза по неколкумесечните протести на опозицијата и студентите, како и конфликтот меѓу претседателот и премиерот на Албанија, и барањето на Илир Мета да се одложат изборите и одбивањето на Еди Рама.
Конфликтот меѓу претседателот и премиерот се случи во време кога во Тирана се одржуваше осмиот протест на обединетата опозиција, на кој демонстрантите повторно се судрија со полицијата, каде што беа фрлани молотови коктели, а полицијата одговори со димни бомби.
Албанскиот претседател, Илир Мета, официјално го потпиша укинувањето на указот за датумот на локалните избори што требаше да се одржат на 30-ти овој месец. Мета рече дека датумот на изборите не може да се претвори во ден на поделби, туку треба да биде ден на обединување на граѓаните, каде што нивните претставници ќе бидат избрани со гласање.
Aлбанската Државна изборна комисија го отфрли указот на албанскиот претседател за одлагање на локалните избори закажани за 3о јуни. ДИК со мнозинство на гласови соопшти дека „Указот на претседателот на државата Илир Мета не е во согласност со уставот и поради тоа тој се отфрла како таков“.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел треба да разговара со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија Жан Клод Јункер и Доналд Туск. Опозицијата најави и бојкот на локалните избори кои деновиве иако беа закажани за 30 овој месец беа отповикани од претседателот Илир Мета. Социјалистичката партија на премиерот Рама покрена иницијатива за негово разрешување.
Д. Т.