• Latest
Обновливи извори на енергија

ТИРЗ Тетово ќе стане прва зелена зона во државата и регионот, ќе произведува електрична енергија преку фотонапонска централа

February 9, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ТИРЗ Тетово ќе стане прва зелена зона во државата и регионот, ќе произведува електрична енергија преку фотонапонска централа

February 9, 2022 13:32
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Обновливи извори на енергија

Обновливи извори на енергија

Share on FacebookShare on Twitter

Следен предизвик за Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово и Владата ќе биде создавање на таканаречена „Зелена зона“ со дополнителни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.  Според министерот за економија Крешник Бектеши, ова е доказ дека јавно приватното партнерство на Владата со компанијата Нормак Груп за ТИРЗ Тетово е успешно на повеќе нивоа, пренесува МИА.

-Сакам да ја известам јавноста дека веќе при крај сме со менаџментот на ТИРЗ Тетово да стане прва зелена зона на ниво на државата и регионот каде ќе почнат дополнителни инвестиции за капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, за компании во зоната, но и за потреби на други компании. Ова ќе покаже дека јавно приватното партнерство веќе дава очекувани резултати и може да се користи во другите ТИРЗ региони во градовите низ државата, истакна Бектеши.

Нагласи дека Владата согласно последните измени и дополнувања на Законот за енергетика ќе создава услови за да може што поголеми инвестиции да се направат во делот на обновливите извори.

-Во овој случај тоа е за фотонапонските централи. Ние имаме различни механизми како држава, како што е премиум тарифата во зависност од планот што ќе се достави, а најверојатно е доставен, а јас сум бил на пат, ќе биде разгледан од страна на службите во Министерството за економија. Инвестицијата ќе се направи од страна на приватниот инвеститор, во овој случај од страна на операторот на зоната во Тетово, а ние за да ги поттикнеме, за да ги стимулираме сите наши домашни и странски компании да инвестираат во обновливи извори секако дека ќе излеземе во пресрет со механизмите кои се постоечки, рече Бектеши.

Тој информираше дека државата веќе е во последната фаза од воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба и оперирање со дистрибутивната мрежа на природен гас.

-Во моментов се преговараат економските и финансиските услови кои се понудени од страна на двете компании. Формирана е комисија во склоп на Владата и се очекува некаде во средината на оваа година да има и договор со една од заинтересираните страни, прецизира Бектеши.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ