• Latest

Текстилците се сомневаат, дека работодавците ќе им исплаќаат минимум од 12.000 денари!

August 4, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Текстилците се сомневаат, дека работодавците ќе им исплаќаат минимум од 12.000 денари!

August 4, 2017 16:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Работниците што добиваат екстремно ниски плати, со радост ја пречекаа веста, дека од почетокот на септември, минималната плата во државава ќе изнесува 12.000 денари. Особено, вработените во текстилната гранка, кои впрочем, се најбројни меѓу работниците што ќе ги почувствуваат ефектите од оваа мерка – дел од социјалните политики на новата Влада. Од невладината организација „Гласен текстилец“ од Штип се со надеж дека работодавците доследно ќе ја применуваат регулативата.

„Не знам дали е сменет членот за нормираниот учинок, не знам дали е сменет за да речам ‘браво’, за оваа новина. Ако овде нема измена, пак ќе биде сè исто! Во секој случај, оваа новина е некаков почеток, зашто досега минималната плата во оваа индустриска гранка беше 9.590 денари, но без измена во Законот, пак работниците не ќе можат да остваруваат минимална плата од 12.000 денари“, вели Кристина Ампева, од НВО „Гласен текстилец“.

Според неа, толку многу се високи нормите во текстилот, што работниците практично, претешко доаѓаат и до сегашната минимална плата.

„На одделни работници им се исплатени плати и под 6.000 денари, зашто работодавците сами одлучуваат каква норма ќе постават. Нормата никој не ја контролира, не доаѓа да провери дали воопшто работниците можат да ја остварат! Едно човечко суштество не може да ја исполни таа норма, зашто не е робот“, забележува Ампева, посочувајќи и на пречестото кратење на парите за редовност, доколку работникот само еден ден отсуствува од работа.

Во секој случај, измените во регулативата што се веќе доставени до Собранието, останува да се изгласаат што поскоро на седница, за од септември, во Македонија да започне практичната примена на оваа мерка. Дотогаш, останува и обврската на Владата, со ребалансот на Буџетот, да ја обезбеди финансиската помош за фирмите, коишто треба да го исплаќаат минимумот од 12.000 денари за секој вработен.

Моника Талеска

Tags: 12.000 денарибонусвладаЗакон за минимална платаконфекциинормапрекувремена работасоцијалатекстил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ