Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека ја номинирал портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус за заменик-претставник на САД во Обединетите нации.
„Со задоволство објавувам дека ја номинирам Тами Брус, голема патриотка, телевизиска личност и авторка на бестселери, за наш нов заменик-претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, со ранг на амбасадор“, напиша Трамп на својата мрежа Трут Соушл.
Тој додаде дека од почетокот на неговиот втор мандат, Брус е на позицијата портпарол на Стејт департментот, каде, како што наведе, „завршила фантастична работа“.
Фото: Икс