• Latest
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025 18:36
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра вчера во салата во Киманово стана уште еден во низата на натпревари преплавени од националистички скандирања и говор на омраза. Уште по скандалозно е што овој пат, антиалбанските скандирања се случуваа во присуство на владина делегација, меѓу кои беа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, кумановскиот градоналачник Максим Димитриевски. и други високи државни претставници.

Скандалозните антиалбански скандирања кој се слушаат на објавеното видео од натпреварот можеа да ги слушнат сите во салата, но се чини дека тие не допреа до високите владини претставници на трибините, меѓу нив и најповиканиот, шефот на МВР, Тошковски.

Апсурдноста на националистичките скандирања е уште поголема ако се знае дека репрезентацијата на Северна Македонија е од мешан етнички состав.

Како што пренесува Либертас, Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ги осуди навредливите скандирања на навивачите на синоќешниот кошаркарски натпревар во спортската сала во Куманово, на кој присуствуваше и владина делегација.

Од СДСМ сметаат дека говорот на омраза и навредите кон која било етничка зlibertas.mk/video-skandalozen-govor-na-omraza-na-natprevarot-vo-kumanovo-vo-prisustvo-na-mickoski-toshkoski-i-dimitrieskiаедница е обид да се создаваат поделби меѓу граѓаните, а најчесто тоа се случува пред избори.

„СДСМ апелира до сите граѓани да останат разумни и да не подлегнуваат на провокации и на насилен национализам кој намерно се активира секогаш кога се приближуваат избори. Не е првпат да гледаме како одредени стрктури ја разгоруваат омразата со една цел, да ги поделат граѓаните и да ја пренасочат дебатата од реалните проблеми“, се вели во реакцијата од СДСМ. Оттаму очекуваат иста ваква осуда од премиерот и од владините претставници што биле присустни на настанот.

Според ДУИ, молкот и отсуството на институционална реакција за настанот не може да помине без конкретна политичка одговорност, па затоа бараат оставки од функционери на коалицијата ВЛЕН.

„Бараме непосредна оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи и оставка од Сафие Садики Шаини, заменик-министерка за спорт, поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент што директно го загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани“, се вели во партиското соопштението.

Покрај тоа, бараат и сите претставници на Албанците во Владата што извршуваат клучни финкции да се дистанцираат од овој неприфатлив акт и да ја отворат оваа тема на следната владина седница, со предлог за строги санкции кон одговорните и веднаш да се повлечат од оваа Влада што поттикнува поделби и омраза.

„Извинувањето не е решение. Извинувањето нема вредност кога истиот пристап се повторува во секој сличен случај. Остуство на реакција значи соучесништво“, пишува во реакцијата од ДУИ,

Реакцијата најверојатно е поттикната од задоцнетата реакција на Општина Куманово, кои преку соопштение на Фејсбук, еден ден по напреварот изрази жалење за она што, како што велат, ден подоцна воочиле дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката имало скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности, како што објавија на Фејсбук, во оваа прилика, Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот.

Одговорност за навредливите скандирања на натпреварот во Куманово побара потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи кој со Фејсбук пост го осуди скандалозното скандирањето со антиалбански пораки на навивачите на кошаркарскиот натпревар што синоќа се одигра во спортската сала во Куманово.

Според него, отсуството на реакција од самиот премиер и од Владата, пак, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.

Скандирањата за „смрт на Шиптари“, за „гасни комори“, за „чиста Македонија“ пред бројна Владина делегација предводена од Премиерот претставува скандал сам по себе на кој треба сите да реагираат. Отсуството на реакција, пак, од самиот Премиер, и од Владата, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови, пишува Османи на Фејсбук.

Мицковски ја пропушти шансата да покаже дека е Премиер на сите граѓани, и дека барем симболично е загрижен за навредите и заканите испратени кон Албанците во земјава. Тој требаше веднаш да ја напушти салата, или во најмала рака, преку реакција на социјалните мрежи, да ги осуди овие скандирања; пропушти и Владината служба формално да испрати реакција од страна на Владата, за која, пак, сме виделе дека има капацитет да произведува и серија соопштенија за најмали потреби.

Овој скандал на трибините во Куманово не преставува изолиран случај, туку уште еден во низата преку кој Власта ја поттикнува, или во најмала рака, ја нормализира антиалбанската реторика во општеството. Да се потсетиме само на случајот со Богевски, коалицискиот партнер кој исто така се прослави со навреди и понижувања на Албанците, а беше награден и подоцна заштитен од самиот Премиер.

Ова се опасни и загрижувачки тенденции, и оние кои ѝ мислат добро на земјата не треба да ги толерираат овие испади, туку треба јасно и недвосмислено да ги осудат, потенцира потпретседателот на ДУИ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува секој облик на поттикнување национална нетрпеливост и изразува крајна загриженост и  згрозеност од екстремниот говор на омразата на вчерашниот натпревар во Куманово.. Она што го гледаме на спортските трибини, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам.

ЦИВИЛ бара од релевантните институции да го осудат и санкционираат ваквото девијантно однесување на спортските терени.

Д. Мишев

Tags: говор на омразакошаркарски натпревар во Кумановоскандалозно скандирање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ