• Latest
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Кој со Орбан тикви садел…

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

Во спортската сала во Куманово, платена од сите граѓани (да, да, и од оние што беа мета на омразата), одекнуваа повици за геноцид – „гасни комори“ и „мртов Шиптар“. Ова не е „инцидент“, туку дел од операциите што имаат цел да обезбедат победа на национализмот и пораз на општеството. Премиерот, министрите и градоначалникот – сведоци и профитери. Јавноста молчи. Повторно.

August 3, 2025 19:23
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027. Македонската репрезентацијата во првото полувреме водеше со предност од еден бод, но го изгуби мечот со 80:72. Според ФИБА, натпреварот го следеле 5.000 посетители.

Но резултатот на семафорот не беше најголемиот пораз за земјата таа вечер, на 2 август.

Најголемиот пораз одекнуваше од трибините: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“, „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“.

Ова не е скандал. Не е инцидент. Не е „изолиран случај“.

Ова е систем. Стратегија. Повик за геноцид.

Се работи за добро увежбана и долги години внимателно организирана и дарежливо спонзорирана – колективна манифестација на омраза. Ова е јавно и гласно изразена екстремна етничка омраза и недвосмислен и јасен повик за геноцид – во спортска сала платена од сите граѓани, вклучително и од оние што се „испраќаат“ во гасни комори. И тоа се случува во држава со мултиетнички карактер, членка на НАТО и аспирант за членство во ЕУ.

Да повториме: Оваа веќе одамна не може да се нарече случајна провокација. Ова е плодот на систематско нормализирање на ултра национализмот.

Тие што ќе коментираат со лагите дека пишувам само кога се работи за омраза кон Албанците, не мора да продолжат со читање, туку веднаш да се фрлат на работа – да лажат, плукаат и релативизираат. Тоа им е работа. Нека не читаат, бидејќи и онака веќе имаат формирано мислење кое не сакаат или можеби не смеат да го сменат. А дел од нив се и платени – од наши, заеднички пари – за нормализирање на насилничкото лудило на етничката омраза.

Да се вратиме на „инцидентот“. Кумановските спортски трибини беа најмалку спортски таа вечер. Поточно, спортските трибини беа злоупотребени и претворени во политичка трибина која уште еднаш го откри вистинското лице на политиките на поделби и омраза – лице што нашите „горди патриоти“ сакаат да го видат како официјален амблем на државата. И добро им оди, тоа мора да им се признае.

Во секоја сторија за национализмот има инвеститори кои од својата инвестиција очекуваат профит. Дел од главните експоненти на оваа „инвестиција“ ни оддалеку не се потрудија да останат невидливи. Тие не беа скриени зад завесата. Напротив. Седеа на почесните места, во првите редови:

  • Христијан Мицкоски – премиер и шеф на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Панче Тошковски – министер за внатрешни работи, камарад на шефот и негов приватен адвокат.
  • Иван Стоиљковиќ – вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, лидер на српската партија во власта, идеолошки следбеник на Слободан Милошевиќ и лојален поддржувач на српскиот властодржец, Александар Вучиќ.
  • Максим Димитриевски – градоначалник на Куманово и лидер на коалицискиот партнер ЗНАМ, составен претежно од поранешни кадри на СДСМ, добар пријател на рускиот амбасадор.

Овие ликови не се само пасивни сведоци. Тие се директни инвеститори и – профитери. Тие добро знаат дека етничката омраза мобилизира гласови и дисциплинира политички бази. Во оваа стратегија нема спорт, нема фер-плеј, нема национална гордост. Има само калкулатор што ги брои поените на омразата и ги претвора во парламентарни мнозинства и фотелји. Нивното насмеано присуство испраќа јасна порака: национализмот и повиците за геноцид не само што се дозволени — тие се партиска гордост и билет за напредување. И учесниците во хистеријата не само што ќе бидат почестени со неказнивост, туку и со напредување во хиерархијата на партијата и општеството – работни места, привилегии, тендери…

Сето тоа уште еднаш ја потврдува длабоката расипаност на политичките елити кои се служат со формулата – колку повеќе омраза, толку поголем политички капитал. Кому му е грижа за спортскиот резултат кога трибините може секогаш да се претворат во политичка сцена?

Кој уште профитира? Профитираат сите што не сакаат мир и стабилност во земјава и во регионот. Профитираат сите што ја сакаат Северна Македонија поделена, изолирана и слаба, подложна на диктат од посилните, исполнета со страв од измислените непријатели. Ова е совршен подарок за сите што сакаат да ја видат оваа земја како експеримент – лабораторија на омразата – каде што национализмот е оружје за уништување на демократијата и владеењето на правото, и газење на човековите права и слободи.

Листата на профитери е одамна позната: локални политички камелеони, регионални деструктивци, и диктаторски режими што инвестираат – и профитираат – кога општествата тонат во поделби, страв и насилство. За нив, ова беше уште една „штикла“ на листата на задачи што беа извршени без да мрднат со прстот.

И што следува? Молк. Како и секогаш.

Молчат медиумите, молчи граѓанското општество, молчат интелектуалците. И институциите. Се разбира – молчат – бидејќи нивните шефови беа на почесните места на трибините на омразата. Оние кои инаку знаат да бидат гласни за споредни теми, сега се кријат зад молкот или – некои од нив – со исплакнати фрази и млаки реакции и – малтене – изненаденост.

По натпреварот ми се јави еден човек, татко на две деца:

„Како да навивам за мојата земја следниот пат кога ќе отидам со моите деца на натпревар во сала што и јас сум ја платил од моите даноци? Те молам, објасни ми!“

Немав одговор. Имам само предупредување:

Ако ова продолжи, ќе останеме без држава за која вреди да се навива – во секоја смисла на зборот. Ќе потонеме во живиот песок на омразата, каде што на површината остануваат само продуцентите и режисерите. Без оглед на етничката или верската – или било која друга – припадност, сите ќе бидеме губитници.

Потребно ли е да се каже дека и овој, како и сите претходни, а и сите наредни и сѐ почести „инциденти“ – во пресрет на локалните избори – налагаат одговорност. Јасна и јавна политичка, институционална и кривична одговорност. Како тоа?

Едноставно:

Политичка одговорност: Премиерот, министрите и градоначалникот што беа присутни и не реагираа, мораат да одговорат пред јавноста. Ако не чувствуваат морална одговорност, таа мора да им биде наметната од институциите, јавноста и гласачите. Океј, институциите се партизирани и под нивен диктат. Остануваат јавноста и гласачите.

Институционална одговорност: Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство имаат должност да отворат истрага за јавни повици за насилство и геноцид. Законот е јасен – ова се кривични дела, без простор за толкување.

Кривична одговорност: И организаторите и оние што извикуваа, но и оние што го овозможија тоа без да реагираат, треба да одговараат пред суд. Не е валиден изговорот „не сум слушнал“, ако законска должност е да знаеш што се случува.

Секое друго сценарио значи дека државата и највисоките ешалони во политиката и институциите ги прифаќаат омразата и повиците за геноцид како дел од својот официјален идентитет. А тоа веќе не може да се нарече демократија. Тоа е само прва етапа од патот кон темнината од која многу народи никогаш не се вратиле. И тогаш нема да биде прашање само на внатрешна срамота, туку и меѓународен белег што ќе ја следи државата со децении.

ЦИВИЛ МЕДИА | Текстот е личен став на Авторот.
Tags: говор на омразанационализам
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ