• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Трамп назначи директор на ЦИА и секретари за одбрана и домашна безбедност, позиција во новата администрација доби и Илон Маск

November 13, 2024

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Трамп назначи директор на ЦИА и секретари за одбрана и домашна безбедност, позиција во новата администрација доби и Илон Маск

November 13, 2024 09:22
in ИЗБОРИ ВО САД, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, направи голем број назначувања на клучни позиции во неговата идна администрација.

Како што е објавно на сметката на Трамп на Truth Social, тој го назначи поранешниот шеф на Националното разузнавање, Џон Ретклиф, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Трамп потсети дека Ретклиф ја разоткри „кампања на Клинтон (Хилари – уред.)“ за неговиот „лажен руски дослух“ за време на изборната трка во 2016 година.

Трамп го избра и водителот на ТВ Фокс њуз, поранешниот офицер на Националната гарда Пит Хегсет за функцијата секретар за одбрана.

„Пит е тврд, паметен и вистински верник во Америка, прво. Со Пит на чело, непријателите на Америка се на повидок – нашата војска повторно ќе биде голема, а Америка никогаш нема да се повлече“, напиша новоизбраниот претседател.

Хегсет е ветеран на Националната гарда на армијата и, според неговата веб-страница, служел во Авганистан, Ирак и Гвантанамо, Куба.

Покрај тоа, гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, ќе ја извршува функцијата секретар за внатрешна безбедност.

„Кристи беше многу силна за безбедноста на границите“, напиша Трамп, додавајќи дека „ќе гарантира дека нашата американска татковина е безбедна од нашите противници“.

Големиот поддржувач на Трамп во изборната кампања, извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

„Тие двајца исклучителни Американци ќе и помогнат на мојата администрација да ги намали непотребните регулативи и трошоци и да ги реорганизира федералните агенции – што е од клучно значење за движењето „Даја спасиме Америка“, наведе Трамп во изјавата што ја пренесе Би-би-си.

Двајцата републикански пратеници од Флорида познати по нивните цврсти ставови кон Кина се во трка за високи работни места за надворешни односи во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Трамп во вторникот официјално го назначи Мајк Волц, претставник на Претставничкиот дом (ГОП, Флорида) за свој советник за национална безбедност, додека изтовремено, сенаторот Марко Рубио, кој го предизвика Трамп за претседателската номинација во 2016 година, е во преговори да биде негов иден државен секретар на местото на Ентони Блинкен.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: администрација на Трамп
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ