Специјалниот советник Џек Смит го ослободи новоизбраниот претседател Доналд Трамп од обвиненијата за изборна измам и поткопување на изборите во 2020 година и нелегалтно постапување со доверливи документи, барајќи отфрлање на случаите во судовите, пренесе Си-Ен-Ен.
Трамп изјави дека ќе го отпушти Смит откако тој повторно ќе ја преземе функцијата претседател, со што ќе ги наруши воспоставените норми околу истрагите на специјалните советници.
„Позицијата на Министерството за правда е дека Уставот бара овој случај да биде отфрлен пред обвинетиот да биде инаугуриран. Овој исход не се заснова на основаноста или силината на случајот против обвинетиот“, напиша Смит за случајот за поткопување на изборите во поднесокот од шест страници до судијката на Окружниот суд на САД, Тања Чуткан во Вашингтон. Чуткан потоа и формално го отфрли случајот без забелешки.
Криминалното гонење на Трамп во последните две години за обидот да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, и неговото постапување со доверливите документи претставуваа уникатно поглавје во американската историја. До сега никогаш порано поранешен претседател не се соочил со федерални кривични пријави.
Во случајот во врска со изборите со кој се соочи Трамп во Вашингтон, Смит го обвини поранешниот претседател за неговите напори да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година, заговор што кулминираше со нападо на Капитол хил од 6 јануари 2021 година.
Во случајот со доверливите документи кои Трамп ги однел во својот дом во Флорида, тој беше обвинет дека откако ја напуштил функцијата во Белата куќа со него земал серија документи во врска со американската безбедносна политика, и потоа се спротивставил на обидите на владата да ги врати материјалите.
Трамп се изјасни за невин по сите обвиненија во двата случаи.
Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, го нарече потегот „голема победа за владеењето на правото. Американскиот народ и претседателот Трамп сакаат итен крај на користење на политиката како оружје во нашиот правосуден систем и со нетрпение очекуваме да ја обединиме нашата земја“, посочи Чеунг.