Белата куќа соопшти дека Доналд Трамп го испрати на ратификација во Сенатот пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.
Во пишаното обраќање на Доналд Трамп до Сенатот се вели дека Северна Македонија е решителен партнер на САД во сферата на безбедноста и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата.
Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО амбасадорите на сите земји членки на НАТО го потпишаа на 6 февруари во Брисел.










