Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека сака Украина да ги снабдува Соединетите држави со минерали од ретки земји како начин на плаќање за финансиска поддршка на воените напори на земјата против Русија, објав Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Трамп, говорејќи пред новинарите во Белата куќа, рече дека Украина е подготвена, додавајќи дека сака „изедначување“ од Украина за поддршката на Вашингтон „близу 300 милијарди долари“.
„Ние и кажуваме на Украина дека има многу вредни ретки минерали“, рече Трамп. „Ние бараме да направиме договор со Украина каде што тие ќе го обезбедат она што ние им го даваме со нивните ретки земјини и други работи.
Веднаш не беше јасно дали Трамп го користел терминот „ретки минерали“ за да се однесува на сите видови критични минерали или само на ретките минерали
Подготви: Драган Мишев